Vrabotuvanje.com - Лице за регистрација на лекови и медицински средства - Скопје - РИФАМ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Лице за регистрација на лекови и медицински средства

Скопје

Рок за пријавување:

  • РИФАМ ДОО
  • Адреса: ул. Јадранска Магистрала бр. 62, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://rifam.com.mk/

Ние сме РИФАМ ДОО – комбинираме долгогодишно искуство на регионалните фармацевтски пазари со иновативни решенија, со цел да им овозможиме на пациентите пристап до најквалитетните препарати.

Лице за регистрација на лекови и медицински средства

Главни задачи на позицијата:
  • Планира и спроведува процеси на регистрација на лекови;  
  • Одговорен за безбедност на лековите и препаратите кои ги застапува и дистрибуира компанијата;
  • Учествува во подготовка на оперативните планови на секторот Логистика и на компанијата во целина РИФАМ доо.

Задачи и одговорности:
  • Го планира, спроведува и оптимизира процесот на регистрација на лекови и препарати: Oбезбедување на потребната документација од Производителот и управување со постапката; oбезбедување на одобренија за ставање во промет на лековите и препаратите;
  • Одржување на постоечките одобренија за ставање на лековите во промет;
  • Редовно известување на МАЛМЕД за промените на податоците за лековите ставени во промет и нивна имплементација;
  • Одржува проактивна комуникација и сорабoтка со останати релевантни институции; 
  • Го организира и одржува системот за фармаковигиланца на компанијата;
  • Редовно и периодично известување до Националниот центар за фармаковигиланца за несаканите реакции на лековите;
  • Обезбедување дополнителни информации неопходни за проценка на безбедноста на лековите и терапевтскиот исход;
  • Врши континуирано следење на на законската регулатива и подзаконските акти релевантни за компанијата;
  • Учествува во процесите на подготовка и спроведување на стратешките и оператвните планови на РИФАМ доо;  
  • Му репортира на Раководителот за сектор Логистика а остварува проактивна соработка со соодветните сектори и вработени во компанијата;
  • Организира и фацилитира одржување на редовни (неделни) работни состаноци со сите вработени во секторот како и на останатите средби во компанијата на предлог на Извршниот директор;
  • Демонстрира интегритет и етички пристап во работењето; 
  • Во договор со Раководителот на сектор Логистика извршува и други задачи и превзема одговорности кои се во рамки на позицијата и предвидени со прецедурите и правилниците за работа на РИФАМ доо.
 

Потребни квалификации:
  • ВСС (медицински или фармацевтски факултет);
  • Минимум 3 години соодветно работно искуство во фармацевтски сектор;
  • Познавање на релевантна законска и подзаконска регулатива;
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office;
  • Професионално владење на англиски јазик.

Ние нудиме:
  • 40 часа неделно работно време, канцеларија во Скопје;
  • Евалуација според KPI на секои 6 месеци со можност за покачување на плата;
  • Службен преносен компјутер;
  • Службен мобилен телефон со број.
 
 
 
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака за која позиција Аплицираат.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде