Vrabotuvanje.com - Продавач/Касиер - Гостивар - Макпетрол АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продавач/Касиер

Гостивар

Рок за пријавување:

  • Макпетрол АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 11 (единаесет) работници на определено време од 3 (три) месеци, во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на бензинска станица во Гостивар во Регион Полог во Дирекцијата за малопродажба, и тоа:
 
Продавач II категорија – 8 извршители
Продавач – касиер I категорија – 3 извршители
 
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
  • Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведените работни места изнесува 20.000 денари.
Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

 
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација – со јасно наведено работно место кое аплицираат;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено тестирање. 
 
Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју. 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.


„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде