Vrabotuvanje.com - Nestlé Professional Sales Executive - Скопје - Nestlе
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Nestlé Professional Sales Executive

Скопје

Рок за пријавување:

  • Nestlе

Нестле е водечка компанија за храна, присутна во 191 земја во светот со повеќе од 2000 глобални и локални брендови како што се Nescafe, Nesquik, Thomy, Nestlé NAN, Kit Kat.
Нестле Адриатик e основана во 2003 година, со над 800 вработени и ги опфаќа Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Словенија.

Компанијата се раководи од стратегијата за здрав начин на исхрана, затоа нашата мисија е да го подобриме квалитетот на животот и да придонесеме за поздрава иднина.

Во Nestlé Professional тимот во Македонија што ги покрива „Out Of Home“ каналите на продажба бараме динамична личност, со свежи, нови идеи, прагматичен тимски играч со вистински интегритет и со желба за постигнување успех, за отвореното работно место: 

Nestlé Professional Sales Executive 
 м/ф Скопје

 
Одговорности
  • Идентификување на трендовите на „Out Of Home“ пазарот и можностите за раст - мапирање на пазарот и спроведување на детална анализа, онаму каде што е релевантно и соодветно
  • Следење на конкуренцијата, трендовите и состојбата на пазарот
  • Ефикасно имплементирање на договорените продажни и маркетинг активности 
  • Градење на долгорочни односи со дистрибутерите и клучните купувачи
  • Фокус на договорените продажни цели, реализацијата и континуирано подобрување на ситацијата на теренот преку соработка со дистрибутерите
  • Мониторинг и известување за продажбата во релевантните OOH канали (HoReCa, B&I, QSR, Coffee to Go)
  • Менаџирање на работата со машините за кафе – список на локации, спроведување на договорените процедури (контрола на машините на терен)
  • Спроведување и одржување на Нестле стандардите за управување со квалитет 
  • Обезбедување на договорената нумеричка дистрибуција; егзекуцијата на дистрибутерите и остварување на поставените цели 
 
Профил
  • Високо образование во сферата на економијата или организациските науки
  • Насочен кон резултат и фокусиран на постигнувања
  • Развиени вештини за продажба и преговарање
  • Напредни комуникациски вештини
  • Развиени организациски вештини и аналитички способности
  • Искуство во работењето во OOH (HoReCa) каналот ќе се смета за предност
  • Течно познавање на англиски и србско-хрватски јазик, пишување и говорење
  • Напредно познавање на Excel
  • Важечка возачка дозвола
 
Што нудиме ние
  • Современо работно опкружување
  • Работа во различни тимови
  • Личен и професионален развој
  • Флексибилни работни аранжмани
  • Обуки
  • Настани во компанијата и активности во тимовите
  • Фокус на здрав начин на живот
 
 
За точно и навремено извршување на работата, вработениот одговара на: Nestlé Professional – Менаџерот за продажба за Македонија и Косово.

Ако сметате дека оваа прилика е во согласност со Вашиот професионален и личен развој, Ве молиме да ни ја испратите Вашата биографија на англиски јазик најдоцна до 19 jуни 2019 година преку линк

Кандидатите кои ќе бидат поканети на интервју ќе добијат известување најдоцна 4 недели по истекот на објавата. Сите други кандидати ќе добијат службено известување по завршувањето на процесот на селекција.

 

Инфо:
www.nestle.mk

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде