Vrabotuvanje.com - Воспитувач (Педагог) - Скопје - СОС Детско село Македонија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Воспитувач (Педагог)

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОС Детско село Македонија


СОС Детско село Скопје во склоп на СОС програмата за грижа за млади обезбедува грижа за млади на возраст од 14-18 години кои се насочуваат кон независност и самостоен живот. Програмата за грижа за млади е модел на згрижување и грижата за младите се реализира со 24 часовна грижа од соработници.

За реализирање на грижата и поддршката на младите, СОС Детско село Скопје објавува оглас за работно место:

ВОСПИТУВАЧ (ПЕДАГОГ)

Опис на работата: 
 
  • Воспитувачот поддржува и насочува млади на возраст од 14-18 години без родителска грижа во нивниот развој кон независност и автономија во согласност со принципите и барањата на СОС моделот и конвенција за правата на децата на ОН;
  • Воспитувачот е одговорен за индивидуално водење на млади како главно лице за грижа преку водење на развојно планирање, советување, емоционална поддршка, воспитување, организација на слободни активности, следење на училишните и вон училишните активности, поддршка при професионална ориентација и обезбедување работа, организација на контакти со биолошки сродници;
  • Воспитувачот дава поддршка на младите во грижата за себе: исхрана, одржување на лична хигиена, обезбедување на облека, нега и грижа за здравјето, располагање со пари;
  • Воспитувачот ги следи и се придржува до СОС стандардите и политиките, со особен акцент врз заштитата на децата.
 
Потребни квалификации:
 
  • Завршени студии од Педагогија
  • Искуство во работа со адолесценти (една година професионално искуство)
  • Вештини во организација на активности кои го поттикнуваат развојот на младите (вклучувајќи специфики во однос на сексуално здравје и односи)
  • Вештини за работа во тим 
  • Емоционална интелигенција, комуникациски и интерперсонални вештини
  • Емпатија, отвореност и толеранција кон различности
  • Добро познавање на детските и човековите права
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
  • Возраст над 30 години се смета за предност
  • Б категорија (се смета за предност)
 
Дополнителни компетенции:
 
  • Подготвеност за социјално родителување, односно висока мотивација да биде дел од животот на младите  кои не се негови биолошки деца, прифаќање на младите со сите нивни индивидуални карактеристики и нивното минато, подготвеност за лично врзување со нив, подготвеност да ја прифати улогата на социјален родител и да обезбеди грижа за децата во ситуации на споделена одговорност со останати професионалци од програмата и системот на социјална заштита, подготвеност да ја разбере значајноста на биолошките родители и роднини во животот на детето;
  • Водење на личниот развој, односно способен е да направи баланс помеѓу професионалниот, личниот и социјалниот живот, да се грижи за психичкото и физичкото здравје, активно да учествува на супервизии, размени на искуства и идни тренинзи; 
  • Капацитет да се справува со притисок способност да се работи под притисок, да ги следи поставените цели и да е смирен кога се соочува со тешки ситуации;
  • Подготвен да се справи со тешкотиите во однесувањето на децата, способен е да идентификува неадекватно однесување и реагира позитивно за да се справи со предизвиците во исто време нудејќи стабилна поврзаност и адекватна атмосфера за да се пронајде решение;
  • Делува согласно детските права, ги разбира и живее со детските права, СОС Политиката за заштита на децата и Kодексот на однесување, има способност да изгради здрава, почитувачка и толерантна врска со децата и младите, да им покаже поврзаност и да се однесува кон нив со почит со цел да се спречи било какво насилство или ризик.
 
Работни услови:
 
  • Работа на определено време (со можност на продолжување на неопределено);
  • Работа во смени (12 часовни / 8 часовни) со ноќна работа (22.00 до 06.00) и работа за време на празници.
 
 
Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 16.06.2019 преку полето Брза Апликација
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде