Vrabotuvanje.com - Лаборант - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.


Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

Лаборант во ОЕ Лабораторија за тестирање (1) позиција 

 
Задолжително е пријавените кандидати за позиција 1 да ги исполнуваат следните услови:
  • Стручна подготовка: ВСП хемиски инженер, машински инженер, металуршки инженер, 
  • Познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
 
Одговорности:
  • Врз основа на пропишаните процедури и упатства да работи во хемиска лабораторија за тестирање
  • Води евидентна и матична книга за резултатите од испитувањата
  • Се грижи за исправноста на опремата во соодветната лабораторија
  • Врши и други работи по налог на претпоставениот
  • За својата работа одговара на Техничкиот директор 
 
Личен профил:
  • Посветеност на работата
  • Желба за учење и напредување во работата
  • Чесност, доверливост и одговорност
  • Тимска работа

 

Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност
Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:
  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува

Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација, или на адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за Лаборант ”  или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во subject line.  omvri.com.m

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 
 
Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 
 
 
Однапред се обесхрабрува секој обид за директна комуникација со кој било официјален претставник на Компанијата. 
 
 
ФЗЦ 11 Октомври
Куманово
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде