Vrabotuvanje.com - Асистент на Генерален Директор - Скопје - Нептун
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент на Генерален Директор

Скопје

Рок за пријавување:

  • Нептун
  • Адреса: 1000 Скопје

НЕПТУН е дел од најголемата инвестициска групација на Балканот – Балфин Груп, распространета во земјите на Балканот и Југоисточна Европа со инвестиции од областа на малопродажба, недвижности, енергетика, туризам, образование, градежништво и банкарство. Со годишен обрт од 500 милиони ЕУР и 5.000 вработени во сите компании, Балфин Груп претставува влијателен и активен учесник во економскиот раст и развој во регионот.

Нептун Македонија претставува водечка и најголема малопродажна и дистрибутивна мрежа за производи од потрошувачка електроника, со повеќе од 20 годишно присуство на македонскиот пазар и над 400 вработени. Нашата уникатност, препознатлив имиџ и вредностите кои ги претставуваме се широко прифатени помеѓу потрошувачите. 

Со цел зајакнување на поддршката на извршниот менаџмент, бараме добро организирана, доверлива и искусна личност за позицијата

АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР

 
Потребни квалификации и вештини:
  • Универзитетско образование (пожелно од областа на бизнис и економија);
  • Најмалку 3 години искуство на слична позиција;
  • Напредно ниво на познавање на англиски јазик (усна и пишана комуникација);
  • Напредно ниво на познавање на MS Office пакетот;
  • Познавање на релевантни законски прописи, политики и процедури, како и протокол;
  • Силни организациски способности за приоритизирање на задачи, управување со проекти и временски рокови;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини;
  • Професионална етика, интегритет и претставителност.
 
Одговорности и работни задачи:
  • Обезбедување на ефикасна административна и логистичка поддршка на Генералниот директор;
  • Му асистира на Менаџментот во процесите на развој, имплементација, исполнување и усогласување на програмите и политиките на компанијата и со релевантни државни институции;
  • Секојдневно и навремено давање на техничка помош на Генералниот директор во смисла на известување за закажани состаноци, телефонски пораки, како и превземање на документи поврзани со работењето на Генералниот Директор;
  • Дава поддршка на деловните состаноци, како со вработените така и со надворешни лица, подготвува презентации и извештаи, води записници од состаноци за потребите на претпоставениот;
  • Подготвува презентации, извештаи за потреби на Генералниот директор;
  • Подготвува и пишува дописи и писма на македонски или англиски јазик;
  • Одговара на повици и прашања од пошироката јавност.
 
Што нудиме?
  • Работа во динамична средина со тим на професионалци;
  • Обезбеден бенефициски пакет од страна на компанијата;
  • Можност за континуирана надоградба и развој во кариерата;
  • Работно време од 08:00-16:00 часот.
 
Доколку сте подготвени за овој предизвик и воедно ги исполнувате бараните квалификации, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација, со назнака: „Асистент на Генерален Директор“ или преку пополнување на веб апликацијата.

Огласот е активен до 17.06.2019 година.
 
Општи правила за аплицирање:
  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот);
  • Назнака на позицијата за која се аплицира;
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде