Vrabotuvanje.com - Инженер за осигурување на квалитет - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за осигурување на квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey
 
 
Оглас за работа: ИНЖЕНЕР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ
Локација: Скопје, Македонија
 
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од ИНЖЕНЕР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ кој ќе му се придружи на тимот за Осигурување на квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
 
 
Главни одговорности
  • Организирање на процесот за инспекција на суровини, полупроизводи и готови производи
  • Одобрување за ослободување на готови производи според барања за квалитет на клиентите
  • Надгледување на процесот на производство во соодветна смена
  • Асистирање на одговорните лица во имплементирање на системи за квалитет во производствениот процес, според внатрешни и надворешни стандарди
  • Креирање и ажурирање на процедури за квалитет
  • Постојано подобрување на процесите и производите, и сл.
  • Следење и придржување кон правилата за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа во тимот
  • Други работни обврски и одговорности согласно описот на работното место
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Универзитетска диплома (Инженер / Технички науки)
  • Работно искуство во производствена средина 
  • Познавање на системите за квалитет 
  • Задолжително е добро владеење на англискиот и македонскиот јазик
  • Познавање на германскиот јазик ќе се смета за предност
  • Напредно ниво на познавање на MS Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint)
  • Добри организациски и комуникациски способности, менаџирање на време
 
Позицијата подразбира работа во три смени и работа за време на викенди.
 
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме аплицирајте на следниот линк: https://bit.ly/31mrcxI
 
 
Краен рок за аплицирање: 23 јуни 2019
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде