Vrabotuvanje.com - Инженер - технолог за прехрамбени производи - Скопје - Специјал
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер - технолог за прехрамбени производи

Скопје

Рок за пријавување:

  • Специјал
СПЕЦИЈАЛ е пекарско-слаткарска фирма со 29 годишна традиција, поради понатамошен развој објавуваме оглас за:
 
Инженер - технолог за прехрамбени производи​
 
 
Опис на работното место:
  • Задолжен/а за воспоставување, спроведување и контрола на стандардите во Друштвото согласно законската регулатива; 
  • Задолжен/а за одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитет со цел да овозможи производство на здравствено исправни производи кои ги исполнуваат законските регулативи и барањата за квалитет, како и задоволувањата на барањата на потрошувачите; 
  • Одговорен е за ажурно водење на документацијата;
  • Задолжен/а за развивање и одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитетот со воспоставување и одржување на целокупната потребна документација;
  • Го одржува HACCP во Друштвото преку одржување на процедурите и сите потребни дополнителни документи;
  • Воспоставува комуникација со клиентите со цел подобрување на квалитетот на целокупното работење и техничките перформанси; 
  • Одговорен за одржување на контролата на квалитет на производите во текот на производството; 
  • Ги контролира постапките при испорака на готов производ; 
  • Спроведува обука на вработените за сите процедури поврзани со управување на квалитет, безбедност на храна и хигиена;
  • Води грижа за здравствениот билтен на вработените (санитарни книшки); 
 
Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование - дипломиран инженер прехранбен технолог или дипломиран инженер агроном
  • Претходно работно искуство минимум 2 години во прехранбена индустрија
  • Одлично познавање на MS Office пакетот
  • Познавање на англиски јазик 
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија
  • Високи комуникациски способности
 
Личен профил:
  • Навремено исполнување на работните задачи
  • Организирана, одлучна и одговорна личност
  • Способност за водење на тим и развиена професионална  комуникација
  • Лојалност, иницијативност, темелност и  енергичност
  • Способност за работа под притисок 
 
 
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете ја Вашата биографија на преку полето Брза Апликација со назнака за Инженер - технолог за прехрамбени производи.
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде