Vrabotuvanje.com - Општ работник - Скопје - Свемек
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Општ работник

Скопје

Рок за пријавување:

  • Свемек
Општ работник
 
Свемек ДООЕЛ е производна компанија која е основана во 1978 год. и чија основна дејност е производство на машински делови по нацрт и по пат на сечење, стругање, дупчење, глодање и брусење.
 
Дел од производите кои се изработуваат се: цилиндри, разводници, завртки и навртки, вентили, разводници и многу други производи по нацрт од клиентот во сериско и прототипно производство за намените на индустриите како што се: автомобилската, машиноградбата, транспортната, земјоделската, индустријата за пакување и др. 95% од производството е наменето за странскиот пазар: Германија, Унгарија и Шведска.

 

 

Должности и работни задачи:

  • Извршување на поставените задачи во однос на општи (физички) работи (средување и чистење во и околу машинскиот парк, управување на опрема за транспорт-рачни и моторни виљушкари, пакување на различни материјали и др.) 
  • Врши транспорт на деловите кај коминтенти како и нивно товарење/растоварање со возило Б категорија
  • Складирање на роба во магацин за суровини
  • Сечење на суров материјал на трачна пила
  • Задолжително носење на ХТЗ опрема за безбедност и здравје при работа
  • Основно познавање на браварска работа. Работа со рачен алат 

Барани вештини/компетенции:

  • Познавање и користење на опрема за складирање, виљушкари и сл. (препорачливо)
  • Б категорија возачка дозвола 

Потребни карактерни особини:

  • Кандидатот да биде дисциплиниран во извршувањето на работните задачи
  • Одговорен во управувањето со опремата 
  • Комуникативност, доверливост и тимски работник

Квалификација (степен и вид на образование) 

  • Среднo образование (препорачливо од областа на машинство)

Што нудиме:

  • Работа во една смена 
  • Работно време: Понеделник-Петок 
  • Колективен годишен одмор 
  • Прекувремена платена работа 
  • Почетна плата: од 14,000ден. до 16,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
  • Секој кандидат без разлика на приложеното искуство во работата му следи интерна обука спроведена од раководството и истата е под супервизија на соодветен искусен кадар назначен од фирмата
  • Платен почетен пробен период од еден месец за адаптирање и запознавање со работните должности во работата 
  • Препорачливо е работно искуство како бравар.

Вашите биографии можете да ги испратите електронски преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде