Vrabotuvanje.com - Електро инженери - Скопје - Скопје - МИКРОСАМ Прилеп
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електро инженери - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • МИКРОСАМ Прилеп

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 29-години Микросам има инсталирано над 240 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот.  Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Микросам ДОО, Прилеп - светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, отвора канцеларии во Скопје и има потреба од нов стручен кадар:

 
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕРИ – 5 работни места​
во Скопје
 
Основни одговорности и задачи:
  • Проектирање на системи за  автоматско  управување на CNC машини
  • Програмирање во PLC, C/C++, и платформи за Real-Time
  • Изработка на цртежи/електрични шеми
  • Контактирање и посета со добавувачи и купувачи надвор од Македонија
Квалификации и компетенции:
  • Завршен Електро факултет или при крај со студии
  • Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)
Што нудиме?
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна
     
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација
 
ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.
 
Рокот за пријавување е до 20.07.2019г..
 
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде