Vrabotuvanje.com - Комерцијалист во големопродажба (м/ж) - Скопје - СБДМК
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист во големопродажба (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • СБДМК
  • Адреса: Скопје, 1000 Благоја Стефковски 7
  • Веб страна: https://www.sbd.mk/

СБДМК е фирма која веќе 22 години успешно работи во Р. Македонија. Ние сме ексклузивни увозници, дистрибутери и сервисери на реномираните светски брендови Black&Decker, DeWALT и Stanley во Македонија. Во своите програми овие брендови нудат различни рачни и електрични алати, апарати наменети за професионална употреба, како и за домашна употреба и за широка потрошувачка. Дел од тие производи се: дупчалки, брусалки, циркулари, пили, електропневматски чекани, батериски машини, како и косилки, ножици за жива ограда, тримери и мали кујнски апарати за домаќинство, брави, катанци и друго.

За сите наши производи обезбедуваме и соодветен прибор и оригинални додатоци. Во склоп на нашата фирма имаме малопродажен салон, големопродажба и сервис за нашите брендови, Black&Decker, DeWALT и Stanley, за кои обезбедуваме гаранција и оригинални резервни делови. Покрај тоа застапени сме во повеќе од 60 продавници од нашата партнерска мрежа ширум Македонија.

СБДМК дооел Скопје, претставништво за електричен и рачен алат ( DeWALT, Stanley и Black+Decker ) за индустрија, градежништво, занаетчиство и широка потрошувачка има потреба од вработување на кандидат за следната работна позиција:
 

Комерцијалист во големопродажба (м/ж)
 

Опис на работно место:

  • Изработка на план за продажни активности и придржување до планот.
  • Изработка на продажни и набавни порачки и учество во сите продажни активности на компанијата.
  • Анализа и пратење на перформансите со месечни извештаи.
  • Истражување на пазарот со повратни информации и солуции.
  • Редовна посета на постоечките клиенти и проширување на мрежата со нови купувачи.


Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование IV степен.
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
  • Познавање од областа на електричен и рачен алат ќе се смета за предност.
  • Практично познавање на MS Office пакетот.
  • Задолжително познавање на Англиски јазик.
  • Возачка дозвола Б категорија.
     

Дополнителни информации:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии CV, можат да ги испратат преку полето "Брза Апликација" со назнака - "Комерцијалист во големопродажба".

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 14.07.2019 година. Ве молиме без телефонски јавувања. 

Вработувањето е на неопределено време со три месечен тест период. Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде