Vrabotuvanje.com - Референт за набавка - Прилеп - МИКРОСАМ Прилеп
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за набавка

Прилеп

Рок за пријавување:

  • МИКРОСАМ Прилеп

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 29-години Микросам има инсталирано над 240 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со соседниот Институт имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com 

 
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА
 
Главни одговорности:
  • Процесирање на барања за набавка
  • Контакт со домашни и странски добавувачи
  • Барање на најповолни понуди од добавувачи согласно потребите на компанијата
  • Изготвување на порачки кон домашни и странски добавувачи
  • Внесување и ажурирање на порачки во интерен систем
  • Следење на порачки, испорака и документација од добавувачи
  • Комуникација и координација со други оддели во компанијата
  • Обезбедување на увозни документи од странски добавувачи 
  • Следење на интерни процедури за набавка 
 
Квалификации:
  • Високо образование 
  • Задолжително познавање на англиски јазик, писмен и говорен (секој друг јазик е предност)
  • Способност за ефективна говорна и писмена комуникација 
  • Способност за брза реакција согласно променливите деловни потреби
  • Самоиницијативност и способност за самостојна работа
  • Тимска работа 
  • Позитивен пристап
  • Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
  • Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office и различни софтверски алатки
 
Што нудиме?
  • Кариера во најиновативната македонска компанија со решенија за светски клиенти
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Конкурентна компензација
  • Континуирана обука и професионално усовршување
  • Организиран превоз и храна
 
Доколку ги исполнувате потребните квалификации, аплицирајте преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на позицијата за која аплицирате.
 
Рокот за пријавување е до 04.08.2019г.
 
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде