Vrabotuvanje.com - ИТ Систем Администратор - Скопје - ESI (Employment Services International)
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ИТ Систем Администратор

Скопје

Рок за пријавување:

  • ESI (Employment Services International)
 
 
За вработување кај наш реномиран клиент, бараме: 
ИТ Систем Администратор (реон Скопје)
 
 
Опис на работните задачи: 
  • Планирање, имплементација, администрирање и разрешување на проблеми во мрежна инфраструктура - firewall-и, router-и, switch-ови (Cisco, Check Point, HP...)
  • Инсталација и администрирање на Windows и Linux оперативни системи, VMware виртуелизација, MS Active Directory, LDAP, е-mаil, proxy, syslog, antivirus, backup, VoIP, и други апликации и сервиси неопходни за функционирање на ИТ инфраструктура
  • ИТ имплементација и мониторирање на безбедносните политики  согласно стандардод PCI DSS,  ISO27000, како и ISO20000
  • Комуникација со надворешни соработници и обезбедување техничка подршка на внатрешни корисници
 
Бараме:
  • ВСС
  • Со или без претходно работно искуство, на иста или слична позиција
  • Активно познавање на англискиот јазик 
  • Професионална употреба на персонален компјутер
  • Windows и Linux OS, VMware виртуелизација, мрежна инфраструктура Cisco, Check Point, HP
  • Поседување на возачка дозвола со Б категорија (активен возач)
  • Организирана и комуникативна личност
  • Способност за работа во тим и за работа под притисок
  • Лојална, посветена личност со позитивен став

Нудиме:
  • Работно време од понеделник до петок: 08:00-8:30 – 16:00-16:30 часот
  • Договор на 3 месеци со можност за потпишување на неопределено
  • Годишен одмор 21 работен ден
 
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат. 
 
Апликацијата на која не е наведено работното место нема да се земе во предвид.
 
Селекцијата на кандидати се извршува по истекот на огласот. Доколку бидат доставени над 120 биографии, селекцијата се врши и до 120 денови.
 
Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата дата база со можност за повикување на идни соодветни огласи.
 
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
 
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате.
 

ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде