Vrabotuvanje.com - Јуниор систем администратор - Скопје - Mozzart
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Јуниор систем администратор

Скопје

Рок за пријавување:

  • Mozzart


Компанијата Mozzart, најголемиот приредувач на игри на среќа во Југоситочна Европа, е застапена на териториите на Србија, Романија, Република Српска, Македонија, Хрватска, а од неодамна и на пазарот во Африка. Со повеќе од 1.000 уплатни места и околу 4.300 вработени, ние сме апсолутен лидер во оваа стопанска гранка. Нашата деловна политика е заснована на модерните принципи на работење, константно унапредување на услугите и разбирање на иновативноста и уникатноста како императив. Свесни сме дека успехот на компанијата не е можен без стимулативно, динамично и удобно работно окружување во кое се развиваат вештините, знаењата и кариерите на вработените, па внимателно го градиме своето реноме на најпосакуван работодавец.

За работа на територијата на Град Скопје, потребен е:
 
ЈУНИОР СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР
 
 
Основни должности:
  • Независно обезбедување help-desk и техничка поддршка
  • Aнализа и решавање на проблемите поврзани со крајните корисници и системот, со алатки од далечина или директно на оддалечените локации
  • Управување и поддршка на компаниската инфраструктура 
  • Инсталација и конфигурација на мрежна, десктоп инфраструктура
  • Работа на проекти и имплементација на разни системи
  • Подесување backup
  • Креирање и ажурирање на налозите на корисниците
 
Услови:
  • Минимум IV степен средно техничко образование 
  • Високо техничко образование или образование од други сродни ИТ области ќе се смета за преднсост
  • Поседување на ИТ сертификати (Cisco, Microsoft, Juniper) ќе се смета за предност
  • Минимум 1 година работно искуство на позиција, Техничка поддршка или друга ИТ позиција
  • Искуставо во структурно каблирање на LAN мрежи
  • Познавање и искуство во работа со одржување и сервис на компјутерски хардвер (cpu, hdd, motherboard и слично.)
  • Одлично познавање на Windows оперативен систем (Windows 7-8, 10)
  • Искуство во сервис на ИТ опрема од далечина или директно на самата локација
  • Познавање на TCP/IP Протоколи ќе се смета за предност
  • Познавање на мрежна технологија и мрежни уреди- router, switch, firewall (Cisco, Juniper, Mikrotik) ќе се смета за предност 
  • Познавања на  Linux и Windows сервер околина ќе се смета за предност
  • Искуство во работење со бренд-сервери (HP, IBM, DELL) ќе се смета за предност
  • Само мотивираност, посветеност, одговорност и самодоверба, независност во работата, способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок, логичко размилување, амбиција за развој и континуирано учење, способност за брзо прилагодување во брзо растечка околина, тимска работа и соработка
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач
 
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите преку полето "Брза Апликација". Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. 

Краен рок за поднесување на пријавите е 19.07.2019 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде