Vrabotuvanje.com - Инжинер на тренинг - Охрид, Струга, Ресен - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инжинер на тренинг

Охрид, Струга, Ресен

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

 
Дали барате возбудлива и предизвикувачка можност?
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  едновремено баланс помеѓу работата и приватниот живот, и сето тоа во најубавиот град во земјата – Охрид?
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
Ако:
  • Сте штотуку дипломирани инженери; имате напредно познавање на англискиот јазик (чита, пишува, говори);
  • Имате напредно познавање на MS Office;
  • Имате одлични вербални комуникации и интерперсонални вештини;
  • Сте проактивни, посветени, подготвени за предизвик и отворени кон стекнување на нови знаења, вештини и искуство;
  • Сте подготвени да патувате во земјата и странство;
 
Ние, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, им овозможуваме на младите инженери да се развиваат низ континуиран процес на размена на мислења и идеи, градејќи култура на постојано подобрување, учење и вреднување на учинокот,
 
Обезбедувајќи: 
  • Договор за вработување од 6 месеци со можност за негово продолжување на неопределено време;
  • Работа со ментор, од редот на поискусните колеги;
  • Покриени трошоци за сместување, за учесниците во програмата кои не со регистрирано живеалиште во Охрид, Стуга или Дебарца, во првите 6 месеци од работниот однос; 
  • Организиран превоз од Охрид / Струга/ Ресен до КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, и обратно;
  • Топол оброк во фабричката кантина; 
  • Компетитивни месечни примања; 
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е работодавач кој нуди еднакви можности, придржувајќи се до највисоките меѓународни корпоративни и управувачки практики. 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со наведување  "Инжинер на тренинг” во  насловот на следниов e-mail: KOMAK_HR@KOSTAL.COM
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде