Vrabotuvanje.com - Геодет - Крива Паланка - ГД Гранит АД - Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Крива Паланка

Рок за пријавување:

  • ГД Гранит АД - Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.
 

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Геодет – 1 извршител
 
 
Потребни квалификации:
  • ВСС- дипл. градежен инженер насока Геодезија или ССС- Геодетски техничар
  • Работно искуство минимум 2 години
  • Познавање на работа на компјутер (ACAD, MS Office, MS Project)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на законска и подзаконска регулатива од областа на градежништвото
  • Познавање од теренски мерења со геодетски инструменти.
 
 
 Компанијата нуди:
  • Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување.
  • Работа на терен и на објекти (изведба)
  • Плата за огласеното работно место изнесува од 20.000,00 до 30.000,00 денари во зависност од работното искуство.
  • Работа во реонот на Крива Паланка
 
Личен профил:
  • Способност во организирање  на ресурси и поставување на приоритети
  • Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија 
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и во дадени рокови
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работа од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07:00 до 15:00 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
 
Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и повикани на интервју.
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
 
Огласот трае седум работни дена од објавувањето. Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде