Vrabotuvanje.com - Дипломиран градежен инженер – одговорен проектант - Скопје - ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран градежен инженер – одговорен проектант

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл
 
 
 
 
ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО (ГЕИНГ) е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Скопје има потреба од вработување на:
 
Оглас за работна позиција: Дипломиран градежен инженер – одговорен проектант
 

Потребни квалификации:

  • Образование: ВСС – Градежен факултет насока хидротехника 
  • Работно искуство: Со и без работно искуство
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија 
  • Познавање на англиски јазик (пишување и комуникација)
  • Познавање на компјутерски алатки: MS Office и AutoCAD, Civil 3D, Water Cad, Интернет алатки

Дополнителни квалификации/вештини/познавања:

  • Одлични интерперсонални, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата, способност за работа со интердисциплинарен тим, самоиницијативност и желба за континуиран професионален напредок
  • Познавање на релевантна важечка законска регулатива
  • Поседување на овластување А или Б за ревизија на проектна документација од областа на Градежништво
  • Ќе се смета за предност поседување на овластувања А или Б за ревизија и надзор над градби

Опис на работни задачи:

  • Изработка на техничка документација од областа на линиската комунална инфраструктура – водоснабдителни и канализациони системи со системи за пречистување, системи за наводнување и одводнување
  • Искуство во изработка на документација за регулација на водотеци и хидролошки студии ќе се смета за предност
 
Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
  • По електронска пошта преку полето Брза Апликација;
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски  бр. 111 Скопје најдоцна до 30.08.2019.
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде