Vrabotuvanje.com - Техничари за оператори и Дипломирани инженери - Скопје - Hi-Tech Assembly Center
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничари за оператори и Дипломирани инженери

Скопје

Рок за пријавување:

  • Hi-Tech Assembly Center

Hi-tech Assembly Center e компанија за асемблирање на електронски печатени плочки основана во 2018 година, како инвестиција на HiTech Corp. 

Во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 вo Бунарџик.
 
Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на eлектронски печатени плочки, компанија која постои 38 години, со повеќе од 200 вработени, од кои над 90 се дипломирани инженери и извезува 100% од своето производство на странски пазари, опслужувајќи широк спектар на индустрии (Airbus, Boeing, Bosch, Siemens…

Hi-tech Assembly е специјализирана за асемблирање на мали и средни серии, кое се одвива во 8000 m2 новоизграден објект, опремен со машини кои ги исполнуваат највисоките стандарди и обезбедува комплетни end-to-end EMS решенија за клиентите

Hi-tech Assembly Center објавува
К О Н К У Р С
за вработување на повеќе лица на позициите:

1.ТЕХНИЧАР ЗА ОПЕРАТОРИ НА МОДЕРНА ASSEMBLY ЛИНИЈА
2.ДИПЛОМИРАНИ ИНЖЕНЕРИ, ЗА ПРОЦЕС ИНЖЕНЕРИ НА МОДЕРНА ASSEMBLY ЛИНИЈА​

 

Потребни квалификации: 
  1. Завршено средно училиште: електротехничко, машинско или хемиско (со или без работно искуство)
  2. Завршен факултет, пожелно електротехнички, машински, мехатроника и други (со или без работно искуство)
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:
  • Способност за следење на континуирани обуки, да се дисциплинирани, одговорни и посветени на работата
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
 
Компанијата обезбедува:
  • Обуки за позициите оператори и процес инженери 
  • Склучување на договор за работа
 

Кандидатите кои ги исполнуваат условите можат да достават кратка биографија - CV  (задолжително со фотографија, адреса, телефон и датум на раѓање) и скенирано уверение за завршеното образование (со оценки) во рок од 1 месец од денот на објавување на конкурсот преку полето “Брза Aпликација”. 
 
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. ​

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде