Vrabotuvanje.com - Администратор за продажба - Тетово - ЕНЕА Д.О.О
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор за продажба

Тетово

Рок за пријавување:

  • ЕНЕА Д.О.О

ЕНЕА Д.О.О – една од најбрзорастечките компании за продажба и дистрибуција во FMCG индустријата постојано работи на градење на квалитетен и успешен тим на професионалци. Работејќи со висококвалитетни и конкурентни производи за широка потрошувачка,  ЕНЕА Д.О.О создава успешна приказна и континуирано им овозможува избор и квалитет на купувачите.

Поради проширување на својот тим на професионалци, ЕНЕА Д.О.О има потреба од вработување на кандидат/ка за следнава позиција:

АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРОДАЖБА 
(1 позиција)

 

Обврски и одговорности:

  • Следи резултати и изготвува извештаи за продажба, набавка и развој на клиенти
  • Ги следи оперативните постапки и администрира со сите Оддели во компанијата во полето за грижа на клиенти и коминтенти
  • Наблудува и оигурува наплата од клиентот
  • Писмена кореспонденција со клиенти: достава на Известувања за доспеан долг, Допис за извршени промени, акциски понуди и промени на ценовник
  • Грижа на корисници за мали апарати – Канцеларии – навремена испорака на капсули
  • Подготовка на досие за клиент/субдистрибутор (Договор за соработка, таргети, маркетинг подршка)
  • Ажурирање на дата база на клиенти и соработници
  • Ги одржува контактите со стекнатата база на клиенти, а постојано е во планови и стратегии за проширување на базата на клиенти
  • Изготвување на понуди во соработка со Комерцијалисти 
  • Преземање на телефонски повици од клиенти
  • Комуницирање внатрешно важни повратни информации од клиенти
  • Одговара на потребите и барањата на клиентите со цел висок процент на задоволни клиенти
  • Преглед на залиха и набавки
  • Континуирано ги подобрува работните процедури
  • Асистенција на Ген. Директор во редовни состаноци за продажба и развој – Staff Meeting
     

Потребни квалификации:

  • Ќе се смета за предност - Завршено високо образование во областа на Бизнис Администрација, Економија или Маркетинг 
  • Задолжително претходно работно искуство во иста или слична позиција
  • Силни комуникациски вештини
  • Длабоко разбирање на принципите на продажба и маркетинг
  • Вештини во продажба
  • Возачка дозвола Б- категорија
  • Познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook)
     

Личен профил:

  • Одлични комуникациски, презентациски и убедителни вештини
  • Способност за преговарање
  • Лојалност, иницијативност
  • Способност за тимска работа
  • Претставителнос и позитивен став
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти
  • Флексибилност за работа на терен
  • Организираност, аналитичност и флексибилност
  • Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци
     

Што добивате:

  • Искуство во динамична работна средина
  • Основна плата + бонуси од посигнати таргети
  • Неограничени можности за ваше лично и професионално надоградување преку континуирани обуки,  тренинзи и забавни тим билдинзи
 
Доколку имате квалитети, вредности и големи амбиции Вашето место е  кај нас. Кај нас се се цени и се даваат шанси за брз развој и напредување во кариера. 
 
ЕНЕА Д.О.О нуди пријатна работна атмосфера, можности за напредок, надградување на месечни бонуси и награди во зависност од постигнување на таргетите.
 
Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат своја професионална биографија (CV) преку полето Брза Апликацијс, со назнака “Администратор за продажба”.
 
Краен пок за пријавување: 25.08.2019
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде