Vrabotuvanje.com - Финансиски администратор - Скопје - СЕТЕК Се од Техника ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Финансиски администратор

Скопје

Рок за пријавување:

  • СЕТЕК Се од Техника ДООЕЛ Скопје

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 25 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 350 вработени.

Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите вработени.

Наша цел е да регрутираме, мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.

Горди сме на тоа што го имаме веќе постигнато, но секогаш се стремиме кон подобро и затоа потребни ни се ентузијасти, способни и лојални кандидати:

ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОР
За  работа со физички лица

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, 
Ве покануваме да станете дел на нашиот тим.

позиција: финансиски администратор за работа со физички лица

 

Опис на работно место:

  • Следење и контрола на салда на фичички лица на месечно и годишно ниво,
  • Вршење на анализа на задолженост и ниво на дополнително задолжување на физички лица и изготвување на Извештај за спроведената анализа,
  • Утврдување на моментална задолженост кај физички лица и одлучување за дополнително задолжување,
  • Евидентирање и контрола на побарувања и уплати од физички лица,
  • Комуницирање и контактирање со физички лица- клиенти на друштвото.
 

Потребни квалификации:

  • Економски факултет – 
  • Пожелно е искуство од работа во сметководство но не е и задолжително,
  • Колегијалност, флексибилност, аналитичност во донесување на одлуки, желба за учење и напредување,
  • Познавање на англиски јазик и добри комуникациски вештини,
  • Способност за создавање на решенија во лимитирани ситуации и во кратки рокови.

Се охрабруваат сите заинтересирани кандидати да го достават своето CV преку полето Брза Апликација со наслов на огласот “Финансиски администратор”.


СЕТЕК СÈ ОД ТЕХНИКА ДООЕЛ Скопје

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде