Vrabotuvanje.com - Возач на товарно возило - Скопје - АГРОТЕХНА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Возач на товарно возило

Скопје

Рок за пријавување:

  • АГРОТЕХНА
  • Адреса: Ул. Христо Татарчев 1 бр.21а К.Вода, 1000 Скопје

Друштво за трговија на големо и мало АГРОТЕХНА Атанас и др. ДОО увоз-извоз Скопје  Ул.Христо Татарчев 1 бр.21а, Кисела Вода - Скопје  

Со цел проширување на тимот за логистика распишува оглас за вработување на

Возач на товарно возило 


Со место на вршење на работните задачи во Скопје (населба Кисела Вода) – 1 позиција
 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • Средно стручно образование     
  • Возачка дозвола Ц категорија
  • Претходно искуство 2 години како возач на товарно возило
     

Одговорности и работни задачи:

  • Транспорт на материјали и производи до централен магацин или царински склад до продажни места и клиенти
  • Редовна безбедносна инспекција на возилото и известување за дефекти, инциденти или прекршоци во сообраќајот
  • Маневрирање на возилото во позиција за утовар/истовар
  • Контрола и распоредување на трговска стока за достава во возилото
  • Проверка на фактичката состојба на стоката при предавање на истата
  • Помага при утовар и истовар на трговската стока од/во возилото

Што нудиме?
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник – сабота
 
 
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација, со назнака:  “Оглас за Возач на товарно возило” или со СМС на 070 377 100.
 
Огласот е активен до 30.08.2019 година
Изборот ќе се врши во рок од 10-20 дена, во зависност од бројот на пријавените кандидати.


Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот)
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АГРОТЕХНА АТАНАС И ДР.ДОО или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде