Vrabotuvanje.com - Java Developer (mid-level) ИТ и Системи - Скопје - ЕОЅ Матрих
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Java Developer (mid-level) ИТ и Системи

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕОЅ Матрих

ПРИДРУЖИ СЕ НА УСПЕШНИОТ ТИМ 
на позиција
 
Java Developer (mid-level) ИТ и Системи
 
ЕОЅ Матрих е дел од групацијата ЕОS, водечка финансиска компанија во Европа и експерт во областа на наплата и откуп на побарувања. ЕОЅ е компанија присутна во 26 земји во светот, со околу 7,000 вработени и насекаде во светот нуди еднакви можности за вработување и обука
 
 
Профил:
  • Солидно познавање од објектно - ориентирано програмирање
  • Солидно познавање на RESTful API
  • Практично искуство со Java EE 8+
  • Практично искуство со примена на практики и шеми за дизајн и развој на софтвер
  • Практично искуство со JPA и Hibernate
  • Практично искуство со развој на ниво на бази на податоци: процедури, оптимизација на guery-ja, техники на индексирање (Oracle, MySQL, MSSQL)
  • Практично искуство со споделување на знаење (презентации, менторирање, придонес во "база на знаење")
  • Практично искуство со развој на софтвер како дел од тим
  • Практично користење на англиски јазик (пишана и вербална комуникација)
  • Проактивност
  • Желба за постојано учење, надградување и споделување на знаењето
  • Внимание кон детали
  • Упорност, истрајност и постојаност во работењето
  • Способност за приспособување на нивото на комуникација со членовите на тимот и клиентите
  • Практично искуство во развој на мобилни апликации ќе се смета како предност
  • Практично искуство во интеграција на апликации со телефонија ќе се смета како предност
 
Одговорности:
  • Развој, тестирање, корекција и документирање на софтвер (нови функционалности или промени на постоечки модули)
  • Обезбедување на помош и поддршка на колегите од тимот при развој, тестирање и документирање на функционалности
  • Учество во ревидирање на кодот на колегите од тимот
  • Учество во евалуација и ревидирање на користените методологии и алатки за развој на софтвер
  • Комуникација со клиентите на позитивен и професионален начин
  • Стекнување и наградување на доменски знаења кои ќе придонесат за подобро разбирање на софтверот кои се изработува
  • Споделувања на знаења со колегите од тимот во EOS Македонија и со тимовите за развој на софтвер од останатите EOS компании
  • Усвојување на културата на EOS  и работа во согласност со принципите на EOS 
 
Придобивки:
  • Можност за работа со колеги од тимови во земјите каде EOS има ИТ тимови
  • Пријателска, позитивн и здрава работна околина, фокусирана на развој на секој член од тимот
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за постојано учење и надградување
     

Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите биографи до 30.09.2019, преку полето Брза Апликација.

Пристигнатите биографии ќе се чуваат во рок од 1 година по истек на огласот, освен доколку испраќачот не назначи поинаку.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде