Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - Виола Аптекa
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Виола Аптекa
Miniso

"Виола" Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Од своето основање во 1992 година, компанијата бележи континуиран развој. Визијата да понудиме комплетна услуга на граѓаните, ја реализиравме со функционирањето на двете компании: "Виола" Аптеки и Веледрогерија Виола Трејд.

Во Виола секогаш ќе наидете на професионализам и квалитетна услуга од страна на нашиот тим на фармацевти и доктори.

Ние никогаш не отстапуваме од нашите принципи на работење: снабденост со лекови во секое време, секогаш блиску до нашите потрошувачи, висока професионалност, стручност и експедитивност при услугата, тимска работа, секогаш отворени за нови идеи и знаења.

Повелете, ние сме тука да Ви помогнеме да живеете поздраво и поквалитетно!

Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:

МАГАЦИОНЕР


Потребни квалификации:

  • ССС, предност имаат кандидати со отсек фармацевтски техничар
  • Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција – предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во веледрогерија
  • Познавање на лекови и фармацевтски производи
  • Работа со компјутери и познавање на MS Office пакетот
  • Познавање на софтверско магацинско работење
  • Возачка дозвола Б – категорија и да знае да управува со комбе
     

Посакувани карактеристики:

  • Организираност и одговорност
  • Самоиницијативност при извршување на работните задачи
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови
     

Одговорности и задачи:

  • Задолжен за комплетна организација за прием, складирање, спремање и издавање на роба
  • Подредување, грижа и одговорност на производите во магацинот
  • Изработка на потребна документација (влез и излез на роба)
  • По потреба да пренесува роба во Скопје со комбе

 

Доколку сакате да станете дел од тимот на врвни професионалци, Ве покануваме да аплицирате.

Вашата Професионална Биографија (CV со задолжителна фотографија), доставете ја преку полето Брза Апликација со назнака на апликацијата „За оглас – Магационер“.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде