Vrabotuvanje.com - Дипломиран градежен инженер – насока патишта и железници - Скопје - ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран градежен инженер – насока патишта и железници

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл
 
 
 
ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО (ГЕИНГ) е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Скопје има потреба од вработување на:
 

Дипломиран градежен инженер – насока патишта и железници
 
 
Потребни квалификации:
  • Образование: Дипломиран Градежен инженер 
  • Предност ќе имаат кандидатите кои имаат искуство во изработка на проектна документација од областа на патната инфраструктура и кои поседуваат Овластувања за проектирање и/или ревизија на проектна документација од областа на Градежништвото 
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија 
  • Познавање на англиски јазик (пишување и комуникација)
  • Познавање на компјутерски алатки: MS Office и AutoCAD Civil 3D.
 
Дополнителни квалификации/вештини/познавања:
  • Поседување на овластување А или Б за Проектирање на градби од областа на Градежништво
  • Поседување на овластување А или Б за проектирање и/или ревизија на проектна документација од областа на Градежништво
  • Способност за тимска работа, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата, познавање на позитивните правни прописи во Р.С.М. од областа на градежништвото. 
 
Опис на работни задачи:
  • Изработка на едноставни и сложени проекти, студии, извештаи, ревизии и консултантски услуги од областа на Градежништво-Патишта и железници 
 
Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите преку полето Брза Апликација или по пошта на адреса: ул. Борис Трајковски  бр. 111 Скопје најдоцна до 31.10.2019
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде