Vrabotuvanje.com - Специјалист за набавки и аналитика - Скопје - Вивакс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за набавки и аналитика

Скопје

Рок за пријавување:

  • Вивакс


Вивакс е македонска компанија која постои 25 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Поради зголемување на обемот на работни активности, отворена е работна позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ И АНАЛИТИКА

Одговорности и задачи:
  • Врши постојана анализа на пазарот, цените и понудувачите.
  • Воспоставува секојдневна комуникација со добавувачите и гради добри односи, во согласност со процедурите на компанијата.
  • Врши анализа на набавките со цел да ги утврди условите и да ги усогласи со правилниците и процедурите на компанијата и активно учествува во изборот на најповолни добавувачи.
  • Ги координира рекламациите и жалбите спрема добавувачите.
  • Ги анализира и следи постигнатите резултати преку изготвување на точни и навремени месечни, квартални и годишни извештаи за потребите на менаџментот.
  • Во целост ги следи и ги почитува политиките и процедурите на компанијата.
  • Активно работи на проекти и задачи.
 
Потребни квалификации:
  • ВСС 
  • Одлично познавање на MS Office пакет програми (Word и Excel).
  • Одлично познавање на англиски јазик.
  • Минимум 3 години работно искуство иста или слична работна позиција.
 
Од кандидатот очекуваме:
  • Способност за работа во тим.
  • Силни организациски вештини и приоритизирање на работните задачи.
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Ефективна вербална комуникација.
  • Високо развиени аналитички и организациски способности. 
  • Високо развиени комуникациски способности.
  • Одлични аналитички способности и прецизност во работењето.
  • Отворен за соработка и желба за работа во средина со високи барања.
 
Ви нудиме:
  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
  • Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
  • Позитивна тимска атмосфера.
  • Обезбеден оброк.
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ И АНАЛИТИКА “.
 
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 11.09.2019 до 24.09.2019).
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!
 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде