Vrabotuvanje.com - Царински застапник - Скопје - Квенбергер Логистик Македонија Дооел
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Царински застапник

Скопје

Рок за пријавување:

  • Квенбергер Логистик Македонија Дооел
  • Адреса: Мултифунционална Зона Којлија, Ул.9 бр.4, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.quehenberger.com

Ние сме Quehenberger Logistics. Ние бараме мотивирани и посветени луѓе во нашата филијала во Скопје и нудиме можност да ги здружат силите со нас.

Quehenberger Logistics е меѓународна логистичка компанија со повеќе од 2.900 вработени во 18 земји во Централна и Источна Европа.

​Како провајдер за транспортни услуги, мрежна и договорна логистика, ние им нудиме на нашите клиенти персонифицирани решенија. Поради силниот раст и условите на новите пазари, бараме вработени кои се подготвени за одговорно и сервисно-ориентирано работење, на следната работна позиција:

Царински застапник

Одговорности и работни задачи:

  • Одредува тарифни кодови за стоки во царинска постапка
  • Изработува царински декларации за сите царински постапки
  • Изработува налози за фактурирање за раздолжените декларации
  • Процесира барања и дозволи од електронскиот систем на дозволи EXIM
  • Изработува останати документи поврзани со постапките за царинење на стока
  • Контактира со клиенти и царински органи 
  • Следи закони и прописи во врска со царинското работење

Потребни квалификации:

  • Најмалку завршено средно образование
  • Лиценца за вршење на застапување во царинските постапки
  • Претходно работно искуство од најмалку 2 години на иста позиција
  • Одлично познавање на СОЦДАД и EXIM
  • Добро познавање на MS Office пакет
  • Искуство во работа со КАСПЕР ќе се смета за предност 
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола од Б категорија

Профил на кандидатот:

  • Самостојност во извршувањето на работните задачи 
  • Одлични комуникациски вештини, доверливост, и способност за работа во тим
  • Аналитичност, педантност, способност за решавање на проблеми, и ориентираност кон резултати
  • Способност за работа под временски притисок
  • Способност и желба за учење и развивање

Што нудиме

  • Интересна и сигурна работа во меѓународно опкружување во кое можете да ги внесувате вашите сили и да ги развивате заедно со нас
  • Рамни хиерархии и кратки патеки за одлучување
  • Динамична корпоративна култура
  • Сеопфатни програми за обука

Доколку сте заинтересирани и воедно ги поседувате погоре наведените критериуми, Ве охрабруваме да ја испратите Вашата Професионална биографија преку полето Брза Апликација!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде