Vrabotuvanje.com - Технолог - Скопје - Бако-Нутс Дооел
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Бако-Нутс Дооел
  • Адреса: Качанички пат бр.17,Визбегово, 1000 Скопје

“БАКО”, претпријатие кое се занимава со производство, преработка, пакување и продажба на апетисани, семиња, зачини, корнфлекс... има потреба да вработи:
 

технолог
1 (еден) извршител

 

Обврски и одговорности:
  • Развој на нови производи
  • Задолжен/а за воспоставување, спроведување и контрола на стандардите согласно законската регулатива
  • Задолжен/а за одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитет со цел да овозможи производство на здравствено исправни производи кои ги исполнуваат законските регулативи и барањата за квалитет, како и задоволувањата на барањата на потрошувачите
  • Контрола на целокупното производство, предлага мерки и решенија за подобрување на истото
  • Одговорен е за ажурно водење на документацијата
  • Задолжен/а за развивање и одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитетот со воспоставување и одржување на целокупната потребна документација
  • Го одржува HACCP преку одржување на процедурите и сите потребни дополнителни документи
  • Следи и координира стандарди
  • Воспоставува комуникација со клиентите со цел подобрување на квалитетот на целокупното работење и техничките перформанси
  • Развој и контрола на квалитет
  • Ги контролира постапките при испорака на готов производ; 
  • Спроведува обука на вработените за сите процедури поврзани со управување на квалитет, безбедност на храна и хигиена
  • Следи и имплементира законски и подзаконски акти
  • Води грижа за здравствениот билтен на вработените (санитарни книшки)

Потребни квалификации:
  • ВСС, технолошки факултет
  • Минимум 2 години работно искуство
  • Познавање на стандарди: ISO 22000, HACCP, TUV
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Користење на MS Office и Internet
  • Иновативност, одговорност, иницијативност
  • Организациски способности и тимска работа
  • Желба за постојано учење, лично и професионално надоградување
.

Вашето CV пратете го преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака „ТЕХНОЛОГ”.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде