Vrabotuvanje.com - Медицински претставник - Западна Македонија - Западна Македонија - НОБЕЛ ИЛАЧ Санајии ве Тиџарет А.Ш
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Медицински претставник - Западна Македонија

Западна Македонија

Рок за пријавување:

  • НОБЕЛ ИЛАЧ Санајии ве Тиџарет А.Ш


 

Фармацевтската компанија НОБЕЛ ИЛАЧ Санајии ве Тиџарет А.Ш, со главно седиште во Р. Турција, има долгогодишно работно искуство во фармацевтската дејност, фабрики за производство на лекови во 3 земји, над 20 претставништва и врши извоз на своите производи во 50 земји ширум светот.
 
NOBEL ILAC Sanayii ve Ticaret A.Ş Претставништво Скопје, распишува оглас за вработување, се бара:
 
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК 
1 (еден) извршител
 
Регион – Западна Македонија
 

 

Опис на работни задачи:
  • Секојдневни посети на лекари и фармацевти во местото на работа
  • Дневно и неделно пишување на планови и извештаи за извршените задачи
  • Групни презентации, службени патувања, учество на конгреси, семинари и симпозиуми
 
Потребни квалификации:
  • ВСС од областта на фармацевтски, медицински или стоматолошки факултет 
  • Високо развиени вештини за комуникација и преговарање
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик
  • Познавање на турски и албански јазик ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point)
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.
 
Професионални способности и вештини:
  • Да поседува висок личен интегритет,
  • Напредни продажни вештини,
  • Способност за самостојно и независно работење,
  • Способност за справување со стресни и конфликтни ситуации,
  • Организациски и комуникациски способности,
  • Работа во тим,
  • Прецизност, точност, аналитичен пристап во работењето,
  • Деловен и професионален однос. 
 
 Наша понуда:
  • Плата + бонуси
  • Обезбедено службено возило
 
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 08:30 до 16:30 часот.
 
Доколку објавената позиција ја сметате за добра можност за Вашиот професионален развој, Ве молиме да испратите мотивациско писмо и професионална биографија/CV, најдоцна до 27.09.2019 година. Документите ќе бидат разгледани во полна дискреција. Само најдобрите кандидати ќе бидат поканети на интервју.
 
*Aпликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
Во очекување сме на Вашите апликации!
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде