Vrabotuvanje.com - Трговски претставник (м/ж) - Скопје - Киберг ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Трговски претставник (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Киберг ДООЕЛ
  • Адреса: Лазо Осмаков бр 9, 1400 Велес
  • Веб страна: http://www.kiberg.mk

Kиберг е Веледрогерија која се занимава со увоз , продажба и дистрибуција на лекови, традиционални хербални лекови, медицинска козметика и додатоци во исхрана. Киберг на македонскиот пазар е присутен од 1999 год. и се гордее со својата палета на производи кои ги следат последните иновативни технологии и најновите знаења од областа на нутриционизмот и медицината.

Киберг својата работа ја темели следејки ги позитивните трендови на своите соработници, при тоа мотивиран пред се во интерес на здравјето и квалитетот на животот на лугето во Република Македонија.

  Киберг имаат потреба од следната работна позиција:

ТРГОВСКИ ПРЕТСТАВНИК (М/Ж)

Барања од кандидатите:

  • Високо или средно образование - предност имаат медицински струки
  • Претходно искуство во компанија со козметички производи ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на работа со  компјутери
  • Добро познавање на англискиот јазик
  • Аналитичко комерцијално размислување 
  • Одлични комуникациски, комерцијални и организациски способности
  • Возачка дозвола, можност и желба за патувања
  • Кратка биографија, тековна фотографија

Главни одговорности на позицијата:

  • Нуди и промовира производи од козметичката палета на Biotrade  до лекарите и аптеките
  • Учествува во семинари, работилници, конгреси кои ќе бидат поврзани со активноста на Biotrade
  • Планира, спроведува и пријавува посети на лекари и фармацевти
  • Ги посетува аптеките и ги  презентира производите пред фармацевти, и врши нивно позиционирање
  • Ги извршува поставените лични цели и целите на компанијата
  • Аналитичко комерцијално размислување

Ние нудиме:

  • Службена кола, лап топ, телефон
  • Атрактивна плата
  • Работно време од 8 часа
  • Работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите вештини во динамична работна средина

Доколку сте заинтересирани, Ве охрабруваме да ја испратите Вашата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација"
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде