Vrabotuvanje.com - Софтверски инженер - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Софтверски инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Софтверски инженер 

Софтверскиот инженер ќе биде дел од ИТ тимот и ќе биде задолжен за анализа и развој на нови апликации и нивна имплементација со цел подобро функционирање на процесите во компанијата, како и учество во реализација на нови проекти во компанијата и во Групацијата ТИТАН. Покрај тоа, ќе биде одговорен за одржување на постоечките апликации на Windows платформа.

Нето платата за работното место е од 60.000,00 денари. 

Дополнителни бенефиции: бонус за успешно работење, приватно здравствено осигурување и обуки за стекнување сертификации, како и стипендии за магистерски и МБА студии.

Ова работно место нуди можност за понатамошен кариерен развој на менаџерски и лидерски позиции во компанијата и проект менаџмент позиции во Групацијата ТИТАН.


Квалификации на кандидатите: 

  • Да има завршено ВСС/VII степен (240 кредити) на ФИНКИ (сите насоки), ФЕИТ (насока компјутерски технологии и инженерство) како и други факултети поврзани со софтверско инженерство 
  • Работно искуство во програмирање од најмалку 2 години ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на Microsoft Windows Server 2012 (и понови верзии) 
  • Одлично познавање на Microsoft Visual Studio алатките со посебен акцент на C#  
  • Одлично познавање на Microsoft SQL 2012
  • Познавање на VMWare околина ќе се смета за предност
  • Искуство во администрација на SAP и Oracle Database ќе се смета за предност 
  • Одлично познавање на англискиот јазик 


Конкурентски предности: 

  • Желба за работа во средина со високи барања 
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности 
  • Динамичност, ефективност и ефикасност 
  • Флексибилност и адаптибилност 
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност 
  • Тимска работа и кооперативност 
  • Решавање на проблеми 


Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 

  • Мотивациско писмо 
  • Биографија на англиски јазик (CV) 
  • Доказ за завршено образование 
     
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
 
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
 
Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, http://www.usje.com.mk
каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.
 
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју..
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде