Vrabotuvanje.com - Магационер - ул. Горно Лисиче бр.210 - ПОПЕ КОМПАНИ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ул. Горно Лисиче бр.210

Рок за пријавување:

  • ПОПЕ КОМПАНИ ДОО
  • Адреса: ул. Горно Лисиче бр. 210, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.popecompany.com.mk
ПОПЕ КОМПАНИ ДОО СКОПЈЕ има потреба од следната работна позиција:
 

магационер

Опис на работна позиција: Ги извршува сите работи поврзани со магацинот и робата во него. Тие работи се однесуваат на прием на роба, организација на постоечката, попис, издавање на роба и одговорност за истата согласно документацијата.
 

Одговорности на магационерот се:

  • Прием на роба, контрола на квалитетот и квантитетот, истовар од камион, проверка на истата согласно влезната документација, соодветно складирање и редење на истата
  • Правилно и уредно одржување на робата во магацинот согласно ФИФО правила
  • Комплетна организација и подготовка на роба за испорака согласно документација
  • Утовар и истовар на робата согласно нејзиниот прием и издавање
  • Правење попис на робата и одговорност за нејзиниот квантитет
  • Одржување и уредност на магацинскиот простор
  • Пакување на робата и соодветно бележење на истата
  • Користење виљушкар и палети за безбедно и ефикасно преместување и складирање на робата околу магацинот и транспортниот простор
  • Осигурување на навремен распоред за испорака и брзо известување на супервизорите доколку се случи или би се случило одлагање на испораката
  • Споредба на залихите со периодични пописи по периодични извештаи по потреба на претпоставените
     

Квалификации и образование:

  • Завршено средно образование
  • Работно искуство како координатор на магацин или слична позиција
  • Способност за оперирање со виљушкар, во различни временски и сообраќајни услови
  • Основна компјутерска писменост
     

Потребни професионални способности:

  • Работно искуство со работа во магацин
  • Одлични организаторски способности и способности за менаџирање со времето
  • Педантност и одговорност за робата
  • Точност
  • Основно познавање за работа со компјутери, е-маил
  • Способности за известување и комуникација со претпоставените
     

Потребни персонални способности:

  • Добри меѓучовечки односи
  • Педантност, уредност, навременост
  • Ефикасни комуникациски способности
  • Трпеливост, љубезност и ентузијазам
  • Тимска работа
  • Способност за работа под притисок

 

ПЛАТА: основна плата 16.800,00 ден со можност за екстра услови за надпросечни бонуси.

Локација на извршување на работната позиција: ул. Горно Лисиче бр. 210
Работни саати неделно: 40 часа. Полно работно време
Работа во смени: не
 
Доколку ги поседувате бараните предиспозиции и Вашиот профил одговара на бараните карактеристики, Ви благодариме доколку аплицирате и пројавите интерес да бидете дел од нашиот тим.
 
Сите заинтересирани кандидати може да се пријават преку полето Брза Апликација!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде