Vrabotuvanje.com - ИТ Систем инженер - Скопје - ЗЕГИН ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ИТ Систем инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЗЕГИН ДОО

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим, во кој вашето залагање и Вашите вештини ќе допринесат за развој  на Вашата кариера во најуспешната компанија Зегин ДОО Ние ги сметаме  своите човечки ресурси за клучен фактор за нашиот брз и одржлив развој.
 
Поради проширување на нашиот тим, имаме потреба од :
 
ИТ СИСТЕМ ИНЖЕНЕР  
 

Потребни Квалификации и вештини:

  • ВСС ( Информатички науки и компјутерско инжинерство или Факултет за електротехника и информациски технологии) или други сродни факултети од слична област
  • Минимум 3 (три) години работно искуство на иста или слична позиција
  • Познавање на хардверски компоненти и одржување на истите
  • Активно познавање на англиски јазик(усно и писмено)
  • Користење на MS Officе
  • Солидни технички познавања и висок степен на ИТ компетентност
  • Доверливост, иницијативност, креативност
  • Возачка дозвола –Б категорија


Цел и одговорност  на работното место:

  • Ја одржува информатичката техника за потребите на компанијата и ги одржува постоечките програми и врши нивна измена 
  • Ја одржува и се грижи за исправноста на компјутерската мрежа(компјутерите,принтерите,скенерите и телефонските апарати)
  • Истражување,планирање,проектирање,тестирање,унапредување и развивање на начела и оперативни методи за работа за да се подобрат системите на информатичката и комуникациската технологија  и концептите кои се однесуваат на специфични апликации,програми,придружна документација, управувачки системи.
  • Следење на техничкиот развој на компјутерските методи и нивните можности и ограничувања 
  • Идентификување на хардверски и софтверски проблеми и решавање на истите
  • Креирање,промена , бришење на кориснички сметки, ресетирање на лозинки по барање на претпоставениот
  • Обезбедување компјутерско-техничка подршка на сите сектори со цел навремено извршување на тековните активности
  • Вмрежување нa компјутерски системи
  • Инсталација и конфигурација на компјутери 
  • Системска безбедност,резервна копија и обнова
  • Администратор на системи на Linux со искуство во инсталирање, конфигурирање, следење, надградба и одржување на хардвер, софтвер и сродни инфраструктурни системи
  • Администрација на серверот и поправка
  • Системска безбедност, резервна копија и обнова
  • Работа според ИТ стандарди
  • Планирање, дизајнирање и дефинирање на временска рамка за проекти
  • Складирање:EMC, HP 3Par, HP MSA - конфигурирање, управување и одржување
  • Одржување на серверот за пошта – Scalix
  • Идентификација и проценка на новите технологии, планирање и спроведување во ИТ инфраструктурата
  • Вршење на сродни работи по налог на претпоставениот
     

Што нудиме:

  • Работно време од 08  до 16 часот
  • Вработување на определено време од  3  месеци со можност за продолжување
  • Пријатна работна средина
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци
  • Можност за професионален развој 
 
 
Доколку имате желба да бидете дел од успешниот тим испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) испратите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “ИТ СИСТЕМ ИНЖЕНЕР”.

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде