Vrabotuvanje.com - Контролор за планирање на производството - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Контролор за планирање на производството

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Контролор за планирање на производството (Production Planner Controller) во Сектор за Логистика
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Контролорот за планирање на производство директно репортура на менаџерот за Логистика
  • Подготува  дневен и неделен план за производствените линии,
  • Дневно координира со одделот за подготовка на производство и запознавање со дневниот и неделниот план за производство
  • Координира со одделот за продажба
  • Обезбедува тековна подготовка на производството и достапност на суровините  до  производните линнии, вклучуваќи  контролиање на произвдството, преку излез, ефикаснот на лините и исполнување на капацитетот.
  • Одржување на оптимално ниво на залихи за WIP и готови производи во однос на капацитетот на производната линија и планираната продажба.
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС – Логистика, Економија, ПМФ- Математика, Инженеринг, ИТ;
  • Разбирање на MPS и RCCP 
  • Искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност; 
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail); вклучувајќи ја и можноста за работа во (VBA)
  • Искуство во работа на B2B проекти и опкружување; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Контролор за планирање на производството"  преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 

Краен рок за пријавување: 20/10/2019
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде