Vrabotuvanje.com - Референти за продажба во Кочани - Кочани - СЕТЕК Се од Техника ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референти за продажба во Кочани

Кочани

Рок за пријавување:

  • СЕТЕК Се од Техника ДООЕЛ Скопје

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 25 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 350 вработени.

Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите вработени.

Наша цел е да регрутираме, мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.

Горди сме на тоа што го имаме веќе постигнато, но секогаш се стремиме кон подобро и затоа потребни ни се ентузијасти, способни и лојални кандидати:

РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА во Кочани

 
Потребни квалификации:
  • Минимум ССС;
  • Поседување вештини на продажба
  • Пожелно, но не е неопходно претходно работно искуство со продажба во некои од овие области: ИТ, ТВ, Бела Техника, Мали кујнски апарати, Aудио и Видео;
  • Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, Интернет пребарувачи;
  • Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;
  • Способност за комуникација со купувачот  
  • Способност за тимска работа
 
Одговорности и работни задачи:
  • Услужување на купувачите
  • Работа на каса
  • Прием на производи за продажба, изложување и грижа за состојбата на истите
Ние нудиме:
  • Работа во динамична средина со тим на професионалци
  • Работа во две смени, 40 часа неделно
  • Можност за континуирана надоградба и развој во кариер
  • Обуки за напредок во кариерата

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) - ЗАДОЛЖИТЕЛНО, со слика не постара од 6 месеци преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде