Vrabotuvanje.com - Техничар за одржување и Сетер - Скопје - Теламон
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничар за одржување и Сетер

Скопје

Рок за пријавување:

  • Теламон

ТЕЛАМОН - една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за пасивни системи за безбедност од автомобилската индустрија од Индијана, САД со седиште во Скопје (Инџиково) има две отворени работни позиции: 

 
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ И СЕТЕР
 

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
 

Работната позиција опфаќа:

  • Вршење поправки и одржување машини во исправна состојба, со цел да се обезбеди правилно функционирање;
  • Навремено извршување на рутински проверки и одржувања;
  • Вршење на корективни поправки;
  • Идентификација на резервни делови, потребни за одржување на системот во добра состојба;
  • Употреба на алат потребен за процесот на одржување;
  • Правилно решавање на проблеми во однос на утврдените грешки на машината.

Професионални знаења и способности: 

  • Основни познавања од електротехника;
  • Основни познавања на автоматика;
  • Основни познавања од пневматика;
  • Основни машински познавања.

Задолжително образование и искуство: 

  • Завршено минимум средно образование;
  • Познавање англиски јазик;
  • Искуство во Одржување и поправка на машини - минимум 1 год;
  • Поседување основни компјутерски вештини ќе се смета за предност.


СЕТЕР
 

Работната позиција опфаќа:

  • Спроведување на сите активности поврзани со одржување и системот за одржување, со цел оптимизација на капацитетот на машината;
  • Навремено извршување на сите превентивни рутини за одржување;
  • Извршување на сите доделени корективни активности за одржување;
  • Идентификување на резервни делови потребни за одржување;
  • Способност за употреба на алат, потребен за извршување активности поврзани со одржување;
  • Добро разработен процес за решавање на проблеми  на машини.

Професионални знаења и способности: 

  • Основни познавања од електротехника;
  • Основни познавања од пневматика;
  • Основно механичко познавање на процесот на кримпирање.

Задолжително образование и искуство: 

  • Завршено минимум средно образование;
  • Искуство со Komax кримп машини;
  • Искуство со Апликатори за кримпирање;
  • Искуство со сетирање и работа со Komax кримп машини (или Schleuniger, Schaefer…);
  • Искуство со сетирање и работа со Апликатори за Кримп машини (Tyco, Mecal, Schaefer, Hanke…).
  • Познавање на основен англиски јазик;
  • Поседување основни компјутерски вештини ќе се смета за предност.

Теламон нуди:

  • Редовна исплата на плата и надоместоци;
  • Можност за кариерен и личен напредок;
  • Постојано учење и надградување;
  • Безбедна и сигурна работна средина.
 
 
Вработувањето во "Теламон-Европа" е взаемна врска на доверба и сигурност. Имаме должност да се грижиме кон вработените, а должност на вработениот е да ги изврши законските и разумни наредби на Теламон-Европа.

Ги охрабруваме припадниците на сите општествени групи да аплицираат соодветно на барањата на позициите. 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со целосна доверливост.
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
 
Секој заинтересиран кандидат во своето резиме потребно е да ја наведе позицијата за која аплицира.
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде