Vrabotuvanje.com - Техничари, за оператори и Дипломирани инженери - Скопје - Hi-Tech Corporation
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничари, за оператори и Дипломирани инженери

Скопје

Рок за пријавување:

  • Hi-Tech Corporation

Hi-Tech Corp.
е водечки Европски производител на eлектронски печатени плочки

компанија која постои 38 години, со повеќе од 220 вработени, од кои над 100 се дипломирани инженери и извезува 100% од своето производство на странски
пазари, опслужувајќи широк спектар на индустрии (Airbus, Boeing, Bosch, Siemens…) 

Hi-tech Corp. објавува
К О Н К У Р С
за вработување на повеќе лица на позициите:

1. Техничари, за оператори за работа на процесни линии
2. Дипломирани инженери, за процес инженери


Потребни квалификации: 
1. Завршено средно училиште: електротехничко, машинско или хемиско и други (со или без работно искуство)
2. Завршен факултет, пожелно електротехнички, машински, мехатроника и други (со или без работно искуство)
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:
  • Способност за следење на континуирани обуки, да се дисциплинирани, одговорни и посветени на работата
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери 
Компанијата обезбедува:
  • Организиран превоз од и до работното место 
  • Обуки за позициите оператори и процес инженери 
  • Склучување на договор за работа

Кандидатите кои ги исполнуваат условите можат најдоцна до 31.10.2019 преку полето “Брза Aпликација” да достават кратка биографија - CV (задолжително со фотографија, адреса, телефон и датум на раѓање) и скенирано уверение за завршено образование.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде