Vrabotuvanje.com - Машински и електро инженери - Скопје - Макстил
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Машински и електро инженери

Скопје

Рок за пријавување:

  • Макстил

Макстил АД Скопје (www.makstil.com) како компанија постои повеќе од 20 години, но нашите почетоци се уште подалечни. Нашите производствени погони Челичарница и Валавница за дебели лимови беа дел и од поранешното претпријатие Рудници и железарница „Скопје“ основа 1967 година.
 
Kако дел од DITH, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 950 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.     
  
Во моментов, во рамки на нашиот тим за одржување, отворени се следните работни места: 
 

Дипломиран машински инженер (насока Хидраулично инженерство)

Работни задачи:

  • Се грижи за оптимално искористување на постројките во делот на хидраулика, пневматика и подмачкување;
  • Предлага методологии за интервенции, при извршување одржувачки задачи во делот на хидраулика, пневматика и подмачкување;
  • Контролира спроведување на потребните мерки, средства и опрема за безбедно извршување на работните задачи;
  • Ја координира и контролира дневната работа на тимовите;
  • Ја контролира за состојбата на резервни делови;
  • Учествува во имплементација на нови проекти;
  • Изработува неделни и месечни извештаи за обемот и квалитетот на извршените работни задачи.  

Основни квалификации:

  • Високо образование – Дипломиран машински инженер (Хидраулично енергетско инженерство или Хидраулично инженерство);
  • 3-5 години работно искуство во областа на хидраулика, пневматика и подмачкување;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Основна одговорност:

  • Следење на состојбата на постојките во делот на хидраулика, пневматика и подмачкување;
  • Навремено и квалитетно извршување на работните задачи.

Дополнителни квалификации:

  • Компјутерски вештини: MS Office, Solidworks, AutoCAD, AutoCad Invertor, MS Project;
  • Способност за водење на тим и менаџирање;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Прецизност и аналитичност;
  • Способност за работа под притисок и со рокови;
  • Тимска работа и кооперативност.

Дипломиран машински инженер

Работни задачи:

  • Извршува активности поврзани со планирање, организирање и координација на сите активности во одржувањето во својата зона;
  • Го утврдува стандардот за одржување и ги изготвува плановите за инспекција на постојките во својата зона;
  • Соработува со одговорните лица од производство со цел проектирање на оперативните активности за интервенција;
  • Ги утврдува потребите за резервни делови и материјали во својата зона на работа.

Основни квалификации:

  • Високо образование - Дипломиран машински инженер (предност Хидраулично енергетско инженерство или Хидраулично инженерство);
  • Со или без работно искуство;
  • Познавање на англиски јазик.

Основна одговорност:

  • Следење на состојбата на постојките во својата зона;
  • Навремено и квалитетно извршување на работните задачи.

Дополнителни квалификации:

  • Способност за планирање и менаџирање;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Прецизност и аналитичност;
  • Способност за работа под притисок и со рокови;
  • Тимска работа и кооперативност.
 
 
 
 

Дипломиран електро инженер (насока КСИА или КСИАР)

Работни задачи:

  • Планира, организира и координира со сите активности во одржувањето во својата зона;
  • Ја координира и контролира дневната работа на тимовите;
  • Контролира спроведување на потребните мерки, средства и опрема за безбедно извршување на работните задачи;
  • Соработува со одговорните лица од производство со цел проектирање на оперативните активности за интервенција;
  • Ги утврдува потребите за резервни делови и материјали во својата зона на работа.

Основни квалификации:

  • Високо образование - Дипломиран електро инженер (насоки: Компјутерско системско инженерство и автоматика или Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика)
  • Со или без работно искуство;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Основна одговорност:

  • Следење на состојбата на системите во својата зона;
  • Навремено и квалитетно извршување на работните задачи.

Дополнителни квалификации:

  • Програмирање на PLC  (Siemens –Step 7 и TIA Portal, CODESYS);
  • Способност за планирање и менаџирање;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Прецизност и аналитичност;
  • Способност за работа под притисок и со рокови;
  • Тимска работа и кооперативност.

Дипломиран електро инженер (насока Електроенергетика)

Работни задачи:

  • Планира, организира и координира со сите активности во одржувањето во својата зона;
  • Ја координира и контролира дневната работа на тимовите;
  • Контролира спроведување на потребните мерки, средства и опрема за безбедно извршување на работните задачи;
  • Соработува со одговорните лица од производство со цел проектирање на оперативните активности за интервенција;
  • Ги утврдува потребите за резервни делови и материјали во својата зона на работа.

Основни квалификации:

  • Високо образование - Дипломиран електро инженер (насоки: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија; Електроенергетски системи; Електроенергетски уреди или Електроенергетика и управување)
  • Со или без работно искуство;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Основна одговорност:

  • Следење на состојбата на системите во својата зона;
  • Навремено и квалитетно извршување на работните задачи.

Дополнителни квалификации:

  • Искуство со управуање на AC и DC електромотори (инвертори и конвертори);
  • Користење на CAD програми (EPLAN или AUTOCAD);
  • Способност за планирање и менаџирање;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Прецизност и аналитичност;
  • Способност за работа под притисок и со рокови;
  • Тимска работа и кооперативност.

Што ние нудиме:

  • Конкурентна плата;
  • Динамично опкружуваше со можност за учење, развој и напредок;
  • Позитивна работна средина.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат преку полето Брза Апликација, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 20.10.2019 година.

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде