Vrabotuvanje.com - Раководител на експозитура Пробиштип - Пробиштип - УНИБанка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител на експозитура Пробиштип

Пробиштип

Рок за пријавување:

  • УНИБанка АД Скопје


 

Раководител на експозитура Пробиштип
 
 
Кандидатот потребно е да ги има следните квaлификации:
  • Работно искуство од најмалку 3 години – банки и финансиски институции ќе имаат приоритет во изборот;
  • Одлично познавање на пазарните прилики во регионот;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола Б категорија.
 
Избраниот кандидат треба да поседува:
  • Менаџерски и лидерски способности;
  • Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
  • Способност за самостојно носење одлуки и расчистување на проблематични ситуации; 
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели;
  • Да извршува сложени работни активности во кратки временски рокови, а по потреба со продолжено работно време.
     
Од кандидатот се очeкува:
  • Да ја организира, координира, раководи, контролира и дава иницијативи за унапредување на работата во експозитурата;
  • Да се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата каде што е претпоставен;
  • Одговара за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна дистрибуција на останатите банкарски производи и услуги;
  • Активно учествува во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти и гради продажна и претприемачка култура во експозитурата и придонесува во носењето на квалитетни кредитни одлуки;
  • Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
  • Одговара за исполнувањето на бизнис целите и финансиските резултати на работењето на експозитурата.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје,  најдоцна до 20.10.2019 година.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде