Vrabotuvanje.com - Асистент на Генерален Директор - Скопје - dssmith
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент на Генерален Директор

Скопје

Рок за пријавување:

  • dssmith
 

DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во четири дивизии: амбалажа, рециклирање, пластика и хартија. 
 
Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
 
Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com
 

DS Smith Скопје вработува:
Асистент на Генерален Директор
 
 
Квалификации и компетенции:
  • Високо образование
  • Работно искуство минимум 3 години на иста или слична позиција
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишана и усна комуникација)
  • Напредни компјутерски способности
  • Комуникациски и презентерски способности
  • Одговорен, посветен и флексибилен пристап во работењето
  • Организациски способности
  • Иницијативна, доверлива и проактивна личност
Клучни обврски и одговорности:
  • Организира деловни состаноци и подготовка на соодветни материјали
  • Ги води сите административно технички активности во врска со работењето на Генерален директор и менаџментот
  • Спроведува деловна комуникација со внатрешни и надворешни странки
  • Комуникација со клиенти, соработници и вработени
  • Изработува документација, презентации, извештаи согласно работењето на Генерален директор
  • Води телефонска и електронска комуникација со внатрешни и надворешни странки
  • Организира состаноци и прием на внатрешни и надворешни странки
  • Евидентира пристигната пошта и ја воведува во деловодниот протокол
  • Архивирање на примена и отпремена интерна и надворешна пошта
  • Организира деловни патувања, резервации, обезбедување на соодветна документација
Што нудиме: работа во интернационална компанија, во динамична атмосфера, со можност за персонален и професионален развој.
 
Сите заинтересирани кандидати кој ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV, со назнака за која позиција аплицираат, преку полето Брза Апликација не подоцна од 05.11.2019
 
Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде