Vrabotuvanje.com - Агент за продажба - Скопје - ЕНЕРГИЈА ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

Енергија доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност. Во Енергија водиме сметка за потребите на своите клиенти, ги слушаме нивните потреби и заеднички соработуваме да го достигнеме најдоброто решение. Тимот на Енергија ви стои на располагање околу вашите планови за набавка на опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller-и), вентилаторски конвектори (fan coil), клима комори, клима уреди, топлински пумпи, компресори за индустриско ладење, кондензатори итн. Нашата дејност опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн. Ладилна опрема во индустријата: ладилници за храна, тунели за замрзнување на разни продукти, кланици, млекарници, пивари, винарии, хемиска индустрија итн.

Во Енергија веруваме дека животот е постојана трка кон нешто подобро во она што го работиме, затоа ние сме посветени во нашата работа која овозможува цврста и лојална врска со нашите клиенти.

Енергија доо има потреба од следната работна позиција
Агент за продажба (м/ж)

 

Одговорности и задачи:

  • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа.
  • Самоинцијативност за носење на нови клиенти.
  • Посета на постоечка и создавање на нова дистрибутерска мрежа во земјата.
  • Работа со документи поврзани со продажба на клима уреди.
  • Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба.
  • Други работни задачи поврзани со продажба и секојдневното функционирање на продажниот салон.

Потребни Квалификации:

  • ССС, факултетска диплома се смета за предност
  • Б категорија возачка дозвола
  • Поседување на вештини за продажба.
  • Претходно работно искуство во продажба на областа на климатизација или бела техника ќе се смета за предност.
  • Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer.
  • Познавањето на англиски јазик ќе се смета за предност.
  • Позитивен став, тимски дух, желба за учење и постигнување успех.

Предност за работната позиција:

  • Професионален однос со клиенти.
  • Желба за работа во динамична средина.
  • Одлични комуникациски и организаторски способности.
  • Динамичност, ефективност и ефикасност.
  • Флескибилност и адаптибилност.
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност.
  • Тимска работа и кооперативност.

Ние нудиме:

  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Редовна месечна плата Плата: од 23000 до 30000 МКД
  • Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања;

 

Сите заинтересирани апликации може да ги достават преку полето Брза Апликација
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани

 

 

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде