Vrabotuvanje.com - Агент за продажба - Скопје - ТАРГЕТ ГРУП ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТАРГЕТ ГРУП ДОО
  • Адреса: ул. Кеј Димитар Влахов бр. 3-1/1/3 Центар, 1000 Скопје

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО 
ТАРГЕТ ГРУП ДОО СКОПЈЕ

Друштво за трговија и услуги ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје, компанија за бизнис информации објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 
НА 2 (две) ЛИЦА НА ПОЗИЦИЈА АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Доколку имаш убедлив продажен пристап и внимание за потребите на клиентите, одлични комуникациски вештини и самодоверба, ние нудиме работа во млада и динамична работна околина, можност за остварување на твоите идеи, знаења, вештини и редовно вработување.

 
Бараме:
  • Одлични комуникациски и продажни вештини;
  • Ентузијазам, проактивност и ажурност;
  • Солидни интерперсонални вештини и подготвеност за работа во тим;
  • Работно познавање на компјутери;
  • Иницијативност и насоченост кон резултати.
Договорот за вработување вклучува фиксна нето плата + бонуси и награди од остварени таргети. 
 
Дневното работно време за наведената позиција е 8 часа, со почеток од 8:30 до 16:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија, со назив “ВРАБОТУВАЊЕ” преку полето Брза Апликација најдоцна до 20.11.2019 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција, ќе бидат дополнително исконтактирани и повикани на интервју

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде