Vrabotuvanje.com - Транспортен работник во Магацин за готови производи - Скопје - АД ЕВРОПА Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Транспортен работник во Магацин за готови производи

Скопје

Рок за пријавување:

AД Европа: Слатка бајка на вкусови кои гарантираат уживање

Уживајте во вкусот кој ги поминува границите и ги надминува вашите очекувања

AД Европа е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со продажба на своите производи на странски и домашен пазар.

АД ЕВРОПА објавува оглас за работно место 

Транспортен работник во Магацин за готови производи


 

Задачи на работното место:

  • Го презема готовиот производ од производните погони и го складира на одредено место во магацинот;
  • Ја контролира количината на превземената роба и доколку таа не одговара сигнализира на одговорното лице за прием во магацинот;
  • По налог на претпоставеното лице треба да припрема пратки за утовар;
  • Врши утовар на припремените пратки во транспортните средства;
  • При утоварот мора да ја контролира утоварената количина по налогот и за секое несогласување да го информира претпоставеното лице;
  • По налог на претпоставениот оди на истовар и врши истовар на производите во магацинот на купувачите;
  • По налогот од претпоставените да продолжи со работа и по завршувањето на работното време;
  • Ја одржува хигиената во магацинот;
  • Извршува и други работни задачи кои не се опфатени во описот на задолженија, по налог на претпоставениот;
  • Го почитува  HACCP и IFS стандардот и работи по упатствата што ги предвидуваaт истите.


Услови за кандидатите:

  • ССС (завршено средно образование);
  • Брзина, прецизност, одговорност, ефикасност во работата;
  • Почитување на колеги и претпоставени, насоченост на тимска работа;
  • Пожелно е работно искуство на исто или слично работно место.


Компанијата нуди: 

  • Можност за вработување на неопределено време;
  • Можност за стручно усовршување;
  • Можност да ја развивате својата кариера во добро позната компанија со долгогодишна традиција;
  • Динамична работа во професионално окружување;
  • Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции.
     
 

Сите заинтересирани кандидати своите биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.​

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде