Vrabotuvanje.com - Референт за продажба - Скопје - iSTYLE
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • iSTYLE

iSTYLE е водечки Apple Premium Reseller во Централна и Источна Европа. Преку своите 24 малопродажни објекти и онлајн продавници iSTYLE нуди комплетна понуда на Mac компјутери, iPod-и, iPad-и и iPhone-и, како и голем број на внимателно избрани портфолија за додатоци и софтвери.

Во нашите продавници можеме да ви ги претставиме најновите проиводи на Apple како и додатоци за нив, имате можност да присуствувате на презентации и разни видови на други случувања во врска со најновите технологии, имате можност за добивање на едукативни попусти, да купувате производи од нашиот асортиман на рати и да добиете секаков вид на подршка и сервис.
 
Доколку сте професионалец кој сака повеќе од својот Mac или студент кој бара најмодерна футрола за својот iPhone, луѓето во униформа ќе ви помогнат на професионален и потполно непристрасен начин при вашиот избор.

Референт за продажба 3 (три) извршители

Потребни квалификации:
  • ССС/ВСС
  • Познавање на англиски јазик
  • Работа со компјутери - (Microsoft Office, Macintosh OS)
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност
  • Познавање од областа на мобилната технологија ќе се смета за предност
Профил на личност:
  • Организираност и одговорност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови
 Одговорности на работната позиција:
  • Планирање и организирање на продажни активности
  • Услужување на клиенти и продажба 
  • Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон
  • Врши наплата на продадена трговска стока или услуга во готово или безготовински со кредитни и дебитни картички или друг тип на безготовинско плаќање
  • Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата
  • Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба
  • Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон;
 
Почетна плата 18,000.00 плус бонуси од секоја продажба

Ние Ви нудиме одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера.
Кандидатите потребно е да го достават своето CV (кратка биографија на македонски јазик со фотографија) преку полето Брза Апликација со насолов на позицијата за која аплицирате, на самото CV.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде