Vrabotuvanje.com - Инженер за анализа на производи - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за анализа на производи

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Инженер за анализа на производи (Product Analysis Engineer)

 
Работни задачи и одговорности: 
  • Инженерот за анализа на производи репортира дирекно до раководителот на анализа на производи;
  • Води и координира тим од техничари за анализа;
  • Го потврдува квалитетот на производот исполнувајќи ги барањата на клиентите согласно дадените стандарди;
  • Обезбедување на навремени недвосмислени резултати од анализата на производот во однос на ризичните процеси;
  • Ги спроведува и следи сите системи поврзани со квалитетот и обезбедува усогласеност на клиентите и регулаторните регулативи;
  • Анализа и дијагностика на дефектни делови и делови добиени од клиент и идентификација на основната причина за дефектот; 
  • Дијагностика на неисправни делови добиени од клиент;
  • Развој на опрема за подобрена и точна анализа на производи.
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од Машинска  и Електро струка; 
  • 5 годишно искуство во производна околина на слична позиција во атомобилска индустија, ќе се смета за предност;
  • Познавање на стандардите за автомобилска индустрија (ISO-TS / IATF16949, ISO-9001, 14001);
  • Познавање на методите за QM FMEA / SPC / MSA; 
  • Искуство во системи и системи за управување со квалитет; 
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) познавање на системот SAP е предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  познавањер на германски јазик ќе се смета за предност;
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Инженер за анализа на производи (Product Analysis Engineer)"  преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 

Краен рок за пријавување: 12 Декември,2019
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде