Vrabotuvanje.com - SAP Специјалист (SAP Specialist) - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

SAP Специјалист (SAP Specialist)

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 

Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 

SAP Специјалист (SAP Specialist)

Работни задачи и одговорности: 

  • SAP Специјалистот дирекно одговара на Менаџерот за информатички технологии;
  • Одговорностите вклучуваат извршување на активности за поддршка на ERP процесите од логистиката како што се: планирање на суровините, производство, до испорака и продажба;
  • Поддршка за голем дел од основните  податоци, како што се податоците за суровини и готови производи, добавувачите и купувачите, кои што  се длабоко интегрирани во SAP-модулите MM, WM (EWM), SD, PP;
  • Поддршка од прво и второ ниво за крајните корисници на SAP;
  • Прилагодување и оптимизација на деловните процеси;
  • Обезбедува и се грижи за  безбедноста на податоците во рамките на SAP системот и дава предлози и мерки за подобрување;
  • Развива концепти кои би се  усогласиле со новите барања на корисниците како и да имплементира нови функции во ERP системот.
  • Образование, искуство, вештини 
  • ВСС од компјутерски науки или информатичка технологија; 
  • +2 годишно искуство при работа со ERP системи;
  • Напредно познавање на SAP систем ќе се смета за предност;
  • Предходно искуство со Roll-out проекти, врз основа на веќе дефиниран ERP template;
  • Познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook)
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  познавањер на германски јазик ќе се смета за предност.


Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " SAP Специјалист (SAP Specialist)"  преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 

 
Краен рок за пријавување: 15 Декември,2019

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде