Vrabotuvanje.com - Регионален продажен менаџер/ка - Северен регион (Велес,Куманово,Гостивар,Тетово) - Еуро Табак ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Регионален продажен менаџер/ка

Северен регион (Велес,Куманово,Гостивар,Тетово)

Рок за пријавување:

  • Еуро Табак ДОО

 

 

Локација: Северен регион (Велес,Куманово,Гостивар,Тетово), Македонија
Оддел: Продажба
Рок за пријавување: 28.12.2019
Позиција: 1
 
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
 
Еуротабак има потреба од Регионален продажен менаџер/ка за северниот регион-Македонија

 
Услови за работа:
  • Редовна месечна плата
  • Полно работно време- 40 часа
  • Работа на определено време
  • Пријатна работна атмосфера
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства
 
Потребни квалификации:
  • Високо образование, економија или друго
  • Возачка дозвола, Б категорија;
  • Посетувани семинари и курсеви за продажба, комуникациски вештини, преговарање, управување;
  • Најмалку 5 - 7 години работно искуство во продажба, од кои 3 години на раководна позиција;
  • Одлично познавање  на англиски јазик;
  • Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
Работни задачи:
  • Планирање, спроведување и презентирање на продажните планови пред менаџерскиот тим
  • Менаџирање буџети и планови за наплата 
  • Регрутирање и обучување соработници
  • Планирање и креирање годишен план за работа, наплата и маркетинг поддршка во својот регион
  • Создавање на нови можности за продажба и одржување на професионални односи со партнери
  • Контрола на работењето на продажните центри и унапредување на нивните резултати
  • Анализа на конкуренција и идентификување трендови што влијаат на продажните резултати,
  • Подготвување и доставување до претпоставениот анализи, извештаи и информации во врска со продажбата и работата на продажните центри во регионот. 
  • Развивање и давање препораки  за подобрувања на процедури, правилници, стандарди, спецификации, методи и процеси во својата област.
  • Управување и координирање на работата на сите вработени во продажните центри во неговиот регион.
  • Поставување цели и мотивирање на соработниците во тимот 
  • Грижа за функционалност на тимот и одржување високо ниво на продуктивност
  • Изготвување извешати за сработеното
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.
 
Краен рок за аплицирање: 28.12.2019
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде