Vrabotuvanje.com - Раководител на продажен центар - Тетово - Еуро Табак ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител на продажен центар

Тетово

Рок за пријавување:

  • Еуро Табак ДОО

 

 

Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
 
РАКОВОДИТЕЛ-КА НА ПРОДАЖЕН ЦЕНТАР - ТЕТОВО
 
Локација: Тетово
Оддел: Продажба
Број на позиции: 1
Рок на пријава: 28.12.2019
 
 
Одговорности како Раководител на продажен центар:
Управување со продажен центар:
  • Гарантира ефикасно управување со продажниот центар и остварување на поставените цели и резултати во продажбата и дистрибуцијата. 
  • Спроведува активности за зголемување на продажните резултати и учеството во пазарниот сегмент.
  • Прави проверка на залиха на лагер во продажниот центар и во соработка со сектотр логистика (набавка, централни магацини и дистрибуција) обезбедува потребни количини за продажба и дистрибуција.
Управување и водење на продажната сила:
  • Ги води и насочува вработените во продажниот центар во планирањето и реализацијата на нивните активности со цел да се достигне планираната продажба.
  • Ги координира и контролира активностите на продажната сила за реализација на дневните рут планови
  • На дневна основа ги задолжува и раздолжува вработените во продажбата со трговски стоки и готовински средства.
  • Редовно ја следи и оценува работата на вработените во продажниот центар со цел да ги зголемува нивните перформанси и резултати.
Управување со готовински средства, надзор и контрола:
  • Гарантира правилно и наменско ракување со готовински средства на компанијата по основ на денарски уплати и исплати кои се евидентираат преку благајната.
  • Врши контрола на финансиските индикатори на продажниот центар и на наплатата.
  • Врши контрола на локалната дистрибуција и го контролира остварувањето на поставените цели.
  • Постојано ја контролира продажбата и го известува претпоставениот за текот и резултатите.
  • Врши редовен попис еднаш месечно и учествува во вонредни пописи.  
Ако сметате дека:
  • Вие сте тимски играч
  • Имате одлични преговарачки вештини
  • Поседувате организациски и менаџерски способности
  • Сакате работа во динамична средина
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
 
За возврат Еуро Табак нуди:
  • Можност за професионален и личен развој 
  • Пријатна и пријателска работна средина
  • Постојано вработување и конкурентна плата 
  • Динамична работа
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.
 
Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна:  http://eurotabak.com.mk/kariera/  и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.
 
 
Краен рок за аплицирање: до 28.12.2019
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде