Vrabotuvanje.com - Графички дизајнер (м/ж) - Скопје - Биро проект Дооел
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Графички дизајнер (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Биро проект Дооел
  • Адреса: Васил Ѓоргов бр. 21/2-8, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.biroproekt.com.mk

„Биро проект“ ДООЕЛ Скопје, е компанија основана во 2002 година која нуди услуги од областа на проектирањето, маркетингот, хортикултурата и проценка на недвижен имот.

Проектантскиот тим ги изработува сите фази во процесот на проектирањето и поседува лиценца и овластување за проектирање, надзор и ревизија, а исто така и лиценца за процена на недвижен имот. За хортикултурното и партерното уредување задолжен е специјализиран тим за дизајнирање и изведба. Во делот на маркетиншките услуги „Биро Проект“ нуди комлетен бренд билдинг – од графички дизајн на рекламен материјал до комплетен развој на брендот, како и интернет маркетинг услуги и организирање на промотивни настани.

„Биро проект“ ДООЕЛ Скопје има потреба од следната работна позиција​:

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР​


Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Одлично владеење на Adobe Photoshop, Adobe Ilustrator, InDesign, CorelDraw;
  • Искуство при подготовка за печатење;
  • Одлично познавање на MS Office и Англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија.


Одговорности и задачи:

  • Графички Дизајн и подготовка за печатење на промотивни материјали (постери, календари, флаери, каталози, билборди, брендирање на возила и сл.);
  • Комуникација со печатници, следење на процесот на изработка на материјалите;
  • Графички решенија и подготовки за онлајн и офлајн медиуми;
  • Комуникација со клиенти во врска со нивни потреби за дизајн и графички решенија;
  • Следење на нови технологии и трендови во креативната индустрија.


Способности и професионални вештини:

  • Креативен пристап во исполнувањето на задачите;
  • Висок степен на одговорност;
  • Целосна посветеност на работата;
  • Комуникативност, тимска работа, професионалност;
  • Флексибилност и подготвеност за работа со кратки рокови.


Ве молиме доставете ни го вашето CV и портфолио преку полето Брза Апликација

www.biroproekt.mk

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде