Vrabotuvanje.com - Електро инженер - Скопје - ArcelorMittal
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електро инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ArcelorMittal

 

АрцелорМиттал Скопје, дел од групацијата Либерти Стил, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. 
 

Електро инженер (електро одржување) 
 

Клучни одговорности:

  • Асистира при развивање и спроведување на планираната програма за одржување за да се осигури дека линиите се согласно потребните стандарди;
  • Помага при координација на персоналот за електро одржување при случајни дефекти;
  • Учествува во подготовката и спроведување на плановите за превентивно и планско одржување како и годишните ремонти;
  • Го следи буџетот за оддржување, за да се осигури дека тој е соодветно распределен така што компанијата добива најдобра вредност за парите;
  • Има интеракција и поврзување со другите тимови за производство и логистика за да се даде приоритет на нарачките со почек;
  • Ги развива и одржува сите потребни системи и процедури за да се осигури безбедноста на линиите;
  • Обезбедува технички совети и поддршка на менаџерите на единиците во производството за сите прашања поврзани со производните линии;
  • Предлага, учествува и имплементира проекти кои придонесуваат за подобрување на производството и безбедноста и здравјето на работа;
  • Учествува во ремонт на линиите на кои работи; 
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот претпоставен.

Личен профил:

  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлични лидерски вештини, способност за менторирање и работа во тим;
  • Професионална експертиза;
  • Комуникациски вештини;
  • Организациски вештини;
  • ИТ образован.
 
 
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација со назнака „Апликација за позиција – Електро инженер“ најдоцна до 15.12.2019 година.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде