Vrabotuvanje.com - Бравар-заварувач - Скопје - ArcelorMittal
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бравар-заварувач

Скопје

Рок за пријавување:

  • ArcelorMittal

 

 
АрцелорМиттал Скопје, дел од групацијата Либерти Стил, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. 
 

Бравар-заварувач (машинско одржување) 
 

Клучни одговорности:

  • Врши демонтажа, поправка и монтажа на: хидраулични, пневматски и машински компоненти и делови;
  • Врши тековни и превентивни прегледи на линиите и тоа: 

    -пополнува “Check” листи за проверка и го информира претпоставениот за одредени девијации;
    -врши контрола на течење на масло од опремата;
    -го мери нивото на масло во резервоарите за хидраулика, моргоил, редуктор;
    -го контролира притисокот на масло и температура на системите од хидраулика;
    -го контролира притисокот на масло и температура во моргоил и редуктор систем;
    -ги контролира и по потреба санира системите за емулзија и подмачкување.
     
  • Внимава на состојбата на опремата во поглед на нејзиното движење, исправност, поставеност, бучава, температура   и испарување;
  • Активно учествува во отстранувањето на дефекти од машинска природа кои настануваат на линиите; 
  • Ги вклучува и исклучува машинските системи (хидраулика, моргоил, редуктор, отпадна вода, јама за емулзија, пареа, воздух, вода);
  • Активно учество во плански санации и ремонти на постројката;
  • Учествува во координирани активности заедно со надворешни контрактори на постројката; 
  • Врши контрола и евиденција на потрошувачките на енергенси и флуиди и нивно правилно користење;
  • Правилно ги употребува алатите и помошните средства при демонтажа, санација и монтажа на опремата, како и при заварување;
  • Во отсуство на заварувач, врши електро и гасно заварување на машински делови и делови од хидраулична, пнавматска и друга инсталација и соодветно (правилно) го употребува алатот за заварување;
  • Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа;
  • Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена;
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија;
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот претпоставен.

Потребни квалификации:

  • ССС;
  • Работно искуство од мин. 1 години.

Личен профил:

  • Професионална експертиза;
  • Можност за работа во смени;
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа.
 
 
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација со назнака „Апликација за позиција – Бравар-заварувач“ најдоцна до 15.12.2019 година.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде